6 работи кои се воведоа со најновата распродажба на Steam

Мартин Јованчевски

во гејминг

Зимската распродажба пали и жари низ сите фронтови, а ова се шестте новитети ќе се потрудат да го направат вашиот престој на платформата попријатен!

  • Имате целосно нови начини за листање на игрите кои се на попуст. Овојпат игрите можат да се нудат според најразлични категории кои се во зависност од жанрот или темата. На располагање имате и значително покомплексни филтри кои се лесно прилагодливи и ви дозволуваат да пребарувате во истиот момент кога истражувате.
  • За секоја направена трансакција добивате поени кои можете да ги искористите во Points Shop за да купите тема, профил и анимирани слики од птици. Зошто баш птици? Навистина не знаеме, но од Steam велат: Зошто да не!
  • Во полн ек е гласањето за најдобрите игри на Steam. Во случај да имате омилена, упатете се на Steam Awards страната и гласајте пред 3 јануари!
  • Профилот на вашата страна сега може значително да се прошири и да прикажува многу повеќе ретки достигнувања, значки, награди, видеа и слично. Ваквите проширувања низ профилот не се бесплатни и чинат поени (види под 1).
  • Системот за наградување рецензенти и содржини од работилницата е проширен и дозволува да наградување и Steam профили,како и постови. Прочитајте повеќе за тоа тука!
  • Chat Reactions ви дозволуваат да реагирате на пораки од самиот чет прозороц со најразлични емотикони и анимирани сликички. Реакциите сега се видливи под самата порака.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии