6 најочекувани игри за јануари

Се чини дека јануари ќе биде исклучително тивок месец во поглед на нови игри. Со оглед на тоа каква година имавме, можеби и не е лошо да се започне оваа на потивка нота. Кои се нашите најочекувани наслови за јануари 2021? Мило нѝ е што прашавте! :)

Iron Conflict

Во случај да барате експлозивен наслов, нема да наидете на поголем хаос од тој што се претставува во Iron Conflict. Оваа MOBA инспирирана стратегија се чини дека е создадена за тврдокорните онлајн PvP генерали и нуди најразлични возила од Втората Светска Војна, па сè до денешниот ден. Unreal Engine 4 е заслужен за прикажување импресивни околини низ кои ќе си ги одмеруваат силите бројни копнени и воздушни возила, во 3v3, 5v5, или 10v10 пресметки.  

King Arthur: Knight’s Tale

По бројни години, NeocoreGames ќе нѝ покаже дека сеуште не се откажува од игри инспирирани од легендата со кралот Артур. King Arthur: Knight’s Tale е тактичка RPG игра која крие свежа приказна полна со неочекувани пресврти. Ќе мора да донесувате бројни одлуки и да ги искусите последиците од таквото нешто. На располагање имате тим од 30 херои и 5 разнолики класи, а ќе се соочите против 7 непријателски фракции, 50 непријателски единици и 10 босови. Сево ова низ 20 главни мисии и бројни споредни квестови кои се простираат низ мрачни зандани, преку мочуришта, па сè до впечатливи шумски предели.

Scott Pilgrim vs. The World: The Game – Complete Edition

Играта која во 2010 година ги освои срцата на фановите мистериозно исчезна во 2014 година од сите дигитални фронтови. Се работи за симпатична ретро инспирирана 8-bit beat ‘em up која тесно се надоврзува на приказната од стриповите, а ви дозволува да играте со Скот, но и со неколку други ликови, како Рамона и Ким. Ubisoft неодамна објави дека се работи на комплетна едиција која е целосен римастер на играта и додатоците за неа.

Hitman 3

Третата игра од новата трилогија со харизматичниот атентатор ќе се појави и во VR форма и ќе нѝ дозволи исклучително лично да ги почуствуваме сите ликвидации. Спред девелоперите IO Interactive A/S, Hitman 3 нуди драматичен заклучок на World of Assassination трилогијата. Урнекот останува релативно непроменети, а прикрадувањето ќе се изведува на шест нови локации, како Дубаи, Дартмур, Берлин, и Чонгкинг. Сопствениците на претходните две игри од трилогијата можат да импортираат мапи, нивоа и напредување директно во Hitman 3. Тројката нема да има апсолутно никакви мрежни режими, нешто што не беше случајот со втората игра од трилогијата.

Stronghold: Warlords

Од едно од нашите омилени студија доаѓа долго-очекуваната стратешка симулација – Stronghold: Warlords. По првпат во историјата на овој серијал, ќе можеме да регрутираме, надградуваме и наредуваме AI-контролирани лордови низ бојните полиња. Секој лорд ќе се одликува со одредени уникатни способности кои ќе можете да ги надградувате и користите за издвојување ултимативна победа. За таа цел, на располагање имате 31 мисија, режими за мрежно играње, skirmish, како и режими во кои можете да се опуштите и без грижа да го изградите замокот на вашите соништа.

The Medium

Од авторите зад хитовите како Layers of Fear, Observer и Blair Witch доаѓа новото хорор изненадување – The Medium. Се работи за длабоко вознемирувачко патување во напуштено одморалиште каде е потребно да ги употребите вашите уникатни способности доколку сакате да извлечете жива глава. Најразлични загатки решавате и во вистинскиот свет, но и во светот на духовите. Од она што ние видовме, ова се чини како најамбициозниот проект на Bloober Team и не можеме да дочекаме да ја провериме играта.

Тоа беа нашите најочекувани игри за јануари. Се надеваме дека и вие имате некоја и ќе ги споделите вашите мислења во коментарите или на социјалните мрежи.

Сите игри кои ќе излезат во јануари:

  • Iron Conflict [PC] – 8 јануари , 2021
  • King Arthur: Knight’s Tale [PC] – 12 јануари , 2021
  • MXGP 2020 [PS5] – 14 јануари , 2021
  • Scott Pilgrim vs. The World: The Game – Complete Edition [PC, PS4, XBO, Switch, Stadia] – 14 јануари , 2021
  • Hitman 3 [PC, PS5, XSX, PS4, XBO, Stadia] – 20 јануари , 2021
  • Ride 4 [PS5, XSX] – 21 јануари , 2021
  • Encodya [PC] – 26 јануари , 2021
  • Stronghold: Warlords [PC] – 26 јануари , 2021
  • Ryte: The Eye of Atlantis [PC VR] – 27 јануари , 2021
  • The Medium [PC, XSX] – 28 јануари, 2021

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии