6 најнови и најдобри Android игри #1

Android платформата и понатаму продолжува со исфрлување огромен број игри. Ова се најновите и најдобрите игри за вашата омилена пренослива направа.

Lull Aby, авантура за еден играч, излезена на 31 јули, оценка: 4.9

Шармантна игра која ги тестира вашите когнитивни вештини со уникатни механики, сместени во преубав свет. Водете ја Аби низ нејзината потсвест и помогнете ѝ да се прочисти од вината која ја чувствува за нејзината мајка.

Hamsterdam, акциона инди игра за еден играч, излезена на 1 август, оценка: 4.7

Игра која конечно ќе ви покаже како е да играте со хрчак кој располага со древни борбени вештини и срце полно омраза кон бандата Vermin. Hamsterdam располага со уникатни борби чиј фокус е на ритам и брзи реакции.

Battle Chasers: Nightwar, RPG стратегија за еден играч, излезена на 1 август, оценка: 4.6

Игра која е заснована на запазување редови (turn-based), со богата приказна и детални светови за истражување. На располагање имате шест херои, секој од нив со уникатни оружја и опрема. Целта е да го оставите вашиот впечаток така што ќе се борите со најразлични непријатели и ќе истражувате зандани полни со скриени замки, загатки и тајни.

Mobile Legends: Adventure, RPG стратегија за еден играч, излезена на 1 август, оценка: 4.6

Лиценцираната игра заснована на Mobile Legends: Bang Bang, стана исклучително популарна помеѓу idle публиката. Заснована на релаксирачки „гејмплеј“, фокусот е на ексклузивни приказни за хероите. Тоа, и собирање ресурси кога не ја играте играта. Искрено, не сме фанови на игри кои се играат сами, но ова е мислење кое не го дели целиот свет.

Keep Talking and Nobody Explodes, инди board игра со загатки и за повеќе играчи, излезена на 1 август, оценка: 4.8

Се наоѓате сами во соба. Ништо страшно, само уште кога не би имало бомба која итно треба да биде деактивирана. Само вашите пријатели можат да ви помогнат да извлечете жива глава, но тие не можат да ја видат бомбата. Единствена начин за деактивирање е давање еден вид слепи инструкции. ГЛАСНО! Феноменална социјална игра која допринесува до исклучително квалитетно време со вашите пријатели.

Sword Cat Online, аниме MMO акциона RPG игра, излезена на 8 август, оценка: 4.2

Игра за сите љубители на магичната комбинација од мачиња и аниме. Создадете и водете херој во битки против предизвикувачки непријатели. Играта се одликува со лесни RPG елементи и едноставни боречки механики во дводимензионален свет, релативно забавна приказна во манга форматот, како и можности за дружење со останатите преку PVP арена, војна помеѓу гилдови, заедничко борење со босови, и слично.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии