6 лоши пракси кои Facebook ги користи за да ве спречи да бришете податоци

Ова е гостински текст на Горјан Јовановски првично објавен на неговиор блог на Medium. Горјан е креатор на апликацијата Мој Воздух, активист за заштита на природата и Team Lead во Booking.com.


Следејќи го #DeleteFacebook движењето започнав да го чистам и мојот профил. Наместо да го избришам (сè уште сакам да го користам), одбрав да ги скријам сите податоци кои не сакам да бидат јавни.

„Мојата нова филозофија сега е едноставна: Ако сакам да објавам нешто на Facebook треба да сум OK тоа да го објавам и на предна страница на весник“.

Но, во мојата авантура да отстранам сè што имам на Facebook, бев сведок на „dark patterns“ кои ги користи компанијата за да ве одврати и да ви го одвлече вниманието од отстранување на вашата содржина. Подолу е единствено листата на оние кои ги забележав, но верувам дека и други се скриени во кодот.

Отстранување на необјавените и деактивирани страници на кои вие сте единствен администратор

Сакате да избриштете некоја страница која сте ја направилее како средношколец? Страницата автоматски беше депубликувана бидејќи не објавувате ништо? Има само 3 лајка?

Да, секако. Единствено почекајте 14 дена, а потоа повторно потврди ако сакаш да ја видиш нотификацијата. Ако не, Facebook ќе претпостави дека си притиснал „избриши“ 5 пати по ред случајно.

Нагласување на стандардното кочпе != enter копчето

Мислиш дека можеш да користиш ентер како потврда на големото сино нагласено копче на попап дијалогот? ДА!? Епа не. Facebook одлучи да го селектира „X“-копчето, па ако притиснете „Enter“ за да го забрзате бришењет ќе го затворите овој прозорец.

Отстрaнување од белешките на кои сте тагувани

Старата белешка која ја напиша вашиот пријател и ги тагна сите да ја видат? Не може да го избришете тагот од таму. Мора да му кажете на вашиот пријател да ве избрише.

Бришење на developer apps

Бидејќи сум девелопер сум напишал повеќе апликации за Facebook. Најголемиот дел се тест апликации кои ги користев за тестирање, но сепак сакав да ги избришам и нив.

Поради безбедност, Facebook бара од вас да ја внесете лозинката за секоја апликација која сакате да ја избришете.

Ако избришете повеќе од 10 апликации по ред, дури и со точна лозинка, ќе бидете заклучени надвор од профилот.

Refresh по секое бришење

Ако ова не е доволно мачно, Facebook речиси секогаш ќе ја вчита станицата откако ќе избришете нешто. Знам дека од девелоперска точка поедноставно е повторно да се вчита страната, но поради ова, бришењето на повеќе работи е подолого и фрустрирачко.

 Отстранување на ваши тагови од фотографии

За да го отстраните вашиот таг од фотографија која не ваша, мора да го користите Activity Log. Таму мора да ја означите секоја фотографија одделно, не постои „Select All“ копче, но затоа постои „Deselect All“.

Ако за да се приклучите на група, да закачите фотографија или да притиснете „ми се допаѓа“ на некој пост е потребен единствено еден клик и за обратното треба да биде потребно ист труд и врме. Се чини дека Facebook не се согласува.

1 коментар на “6 лоши пракси кои Facebook ги користи за да ве спречи да бришете податоци

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии