6 интересни андроид игри и програми кои се на попуст

Во потрага по евтина, но квалитетна забава или ефикасно извршување одредени активности, ги ископавме следниве три игри и три програми кои се на попуст, а се за вашата Android направа.

3 Android игри под 110 денари!

Втората игра од култниот серијал каде му го загрозувате животот на вашиот сосед така што се прикрадувате и му приредувате најразлични непријатни изненадувања. Премиум играта е без огласи и сместена на 6 различни локации, со над 5 ликови низ 14 нови епизоди.
Феноменална текстуална авантура со уникатни илустрации, интригантна приказна и изобилство од мали и големи одлуки кои директно ја менуваат приказната, како и односите кои ги имате со вашите ликови.
Сосема солидна акциона игра во трето лице, каде мислите ги оставате пред врата, а инстатно се впуштате во вртоглави пресметки со најразлични непрјатели. Играта се одликува и со кампања, но генерична приказна, арена режим на играње и солидна оптимизација и за постарите модели на телефони

3 Android апликации под 130 денари

За екстра зафатените луѓе. оваа апликација помага подобро да се организираа сите идни планови, независно дали се работи за настани, состаноци, (реденденски) потсетници или нешто друго. Апликацијата целосно извлекува податоци од Google Calendar.
Одлична алатка за брза и ефикасна конверзија на 18 најразлични категории како температури, должини, брзини, енергија и многу повеќе!
Невообичаена апликација која можеби значително би ја олеснила работа на специфична група од луѓе кои имаат потреба да ги извлечат RGB компонентите од боите директно преку камерата и во реално време. HTML кодот, потоа, може да се користи за најразлични цели во соодветни програми за уредување фотографии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии