6 игри кои се бесплатни викендов!

Мартин Јованчевски

во Вести

Викендот е пред нас, а ова се игрите со кои можете да се забавувате без да потрошите денар.

Ark: Survival Evolved е крајно комплексна survival игра во огромен, отворен свет и дефинитивно ќе ви треба повеќе од два дена за да ги скротите бројните животни, да направите импресивно живеалиште, или да произлезете како ултимативниот борец. Во случај да ви се допадне виденото, целата игра се продава со 80% попуст, а со 50% дел од проширувањата.

Grimm’s Hollow е симпатична и целосно бесплатна jRPG игра која ќе биде особено ценета од фановите на Undertale. Нека не ве залажува едноставниот, ретро изглед. Иако играта е кратка, крие натприродна приказна со неколку можни краеви и ликови кои нема да можете лесно да ги заборавите.

The Division 2 е една од најдобрите пукачки игри во трето лице, со посебен акцент на константно собирање плен. Како огромни фанови на првата игра, не размисливавме премногу дали да се вратиме во Њу Јорк и да го оставиме нашиот впечаток во отворениот свет. Доколку ја купите играта, која се продава за исклучително смешна цена на PS4 (3 долари), напредокот од пробниот период нема да биде изгубен.

Where’s Moggy е бесплатна, но мала игра која се игра од вашиот прелистувач. Се работи за игра која припаѓа на hidden object жанрот и имате да задача да ги пронаоѓате мачињата (принцип кој е исклучително сличен на Hidden Folks). Проверете ја играта така што ќе кликнете тука!

InnerSpace е најновата бесплатна игра на Epic Game Store. Откако ќе ја активирате на вашиот акаунт, засекогаш ќе можете да се втурнувате во незаборавни истражување на еден зашеметувачки убав свет.

Black Desert Online е една од најдобрите MMO игри. За многумина, меѓутоа, Black Desert Online се одликува и со најлошите play-to-win тактики. Никој не може да негира дека борбениот систем е импресивен, а светот – огромен и впечатлив. Зграпчете ја бесплатно играта на Steam и играјте ја до кога сакате.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии