5G технологијата и предизвиците при нејзината имплементација

Доколку ја следите технологијата и нејзиниот развиток, несомнено сте приметиле дека во последно време многу се дискутира 5G технологијата. Причината за ова е што и покрај тоа што таа е достапна од 2018 година, нејзината имплементација не почна до втората половина на 2019 година. Истата зема замав во последните неколку месеци, но во моментов има сериозен застој во имплементацијата. Причината за застојот е што има истражувања кои тврдат дека технологијата не е безбедна за здравјето на луѓето и дека нејзината имплементација треба да се прекине. Покрај ова, има и контрадикторни тврдења кои велат дека истата не е ништо поштетна од 4G технологијата која ја користиме во моментов.

Што е всушност 5G технологија?

Како што кажува самото име, 5G е петта генерација на технологии за безжична комуникација со поддршка за мобилни мрежи. Спектарот на фреквенции на 5G се дели на милиметарски бранови, низок и среден опсег.

The Internet, 5G, Technology, Free, Network, 4G, 3G

Милиметарските бранови пружаат најголема брзина, која често достигнува и до 2 гигабити во секунда. Фреквенциите се често над 24 GHz и достигнуваат и до 72 GHz, но нивниот максимален домет е релативно краток. Покрај ова, истите имаат проблем со патување низ ѕидови и прозорци, што значи дека достапноста на истите во затворени простории е ограничена.

Средниот опсег на фреквенции е оној кој најчесто се користи, а фреквенциите обично се во рангот од 2.4 GHz до 4.2 GHz. Брзините се најчесто од 100 до 400 мегабити во секунда, но во некои ограничени ситуации можат да достигнат нешто над 1 гигабит во секунда. Ваквиот опсег е најчесто користен поради тоа што имплементацијата на истиот е наједноставна – потребно е само да се надградат постоечките предаватели, што значи дека нема големи трошоци. Покрај ова, максималниот домет на овие фреквенции е значително подобар отколку милиметарските бранови.

На крај, го имаме и нискиот опсег на фреквенции, чиј капацитет е сличен со оној кој го добиваме со 4G технологијата. Ова е и првиот опсег на фреквенции кој беше имплементиран од операторите како америчките T-Mobile и AT&T во декември. И покрај фактот што се најлесни за имплементирање, ваквите фреквенции не пружаат голема разлика во брзина споредено со 4G фреквенции.

Каква брзина може да се очекува?

Бидејќи најголемата разлика меѓу 4G и 5G е токму брзината, убаво е да се знае точно колку ќе добиеме од оваа гледна точка. Како што напоменавме погоре, најголемата достижна брзина е нешто над 2 гигабити во секунда. За жал, ваквата брзина ќе ја добиеме само на уреди кои ги поддржуваат потребните фреквенции.

person holding Android tablet computer

Малку пореално очекување е дека брзините ќе се оние кои се достижни со средниот опсег на фреквенции, а тоа се од 100 до 400 мегабити во секунда. Кога ќе се земе во обзир дека истите имаат многу поголем домет од милиметарските бранови, не е ни чудо што се најкористени во моментов и во нив најмногу се инвестира.

Неколку загрижувачки фактори

Пред да дискутираме за човечкото здравје, да разгледаме неколку други потенцијални проблеми со оваа технологија. За почеток, спектарот на фреквенции е многу близок до оној кој го користат сателити за набљудување на Земјата. Најголемо влијание ќе има кај сензорите за контрола на испарувањето на вода, и ќе има сметање и проблеми, без можност истите да се исконтролираат. Ваквото мешање во сигналите на сателитите не само што може да доведе до нестабилност на работи како временската прогноза, туку и може да влијае на системите за авијација, нешто што може да има катастрофални последици.

brown and white tower under blue sky during daytime

Покрај ова, многу држави имаат страв дека опремата за оваа технологија која потекнува од Кина може да биде искористена за шпионажа врз граѓаните и владите. Според овие тврдења, голем број на држави се обидуваат да го намалат, или потполно исклучат користењето на ваквата опрема од Кина. Секако, најголемите проблеми се вртат околу Huawei, компанијата која е еден од најголемите, ако не и најголем произведувач на 5G опрема.

Тука се и безбедносните проблеми, бидејќи некои истражувања ја класифицираат технологијата како “недоволно истражена”, и сметаат дека истата ќе го отвори патот кон нови безбедносни пропусти и проблеми. Главната причина за ова е фактот што технологијата пренесува голема количина на податоци, што резултира во повеќе можности за напади врз истата.

Какво влијание има 5G врз здравјето и радијацијата?

Доколку разгледате како стојат работите во моментов, има еден термин кој се користи многу често, и е тесно поврзан со имплементацијата на ваквите технологии – радијација од радио фреквенции. Кога ќе се спомне терминот “радијација”, несомнено е дека многу луѓе мислат на јонизирачка радијација која се поврзува со нуклеарни оружја. Истата е штетна за клетките и може да доведе до мутации во човечката ДНК.

Но, секојдневните технологии како радиото, Wi-Fi, и линиите кои носат струја до домаќинствата имаат нејонизирачка радијација која е преслаба за да предизвика било какви проблеми. Исклучок на ова се микробрановите, кои се нејонизирачки но можат да оштетат ткиво. Фреквенции кои се над УВ фреквенциите, како гама зраците, се јонизирачки. Ако се водиме по ова, фактот што нејонизирачката радијација не може да му наштети на ткивото или молекулите во ДНК значи дека грижите за радијација која потекнува од имплементацијата на 5G не се основани.

5G технологијата на спектрумот на фреквенции /извор: BBC.co.uk

Најголемата грижа околу здравјето доаѓа од фактот што за имплементација на 5G мрежа, посебно ако се работи за милиметарски бранови, потребни се многу повеќе предаватели отколку обично, поради помалиот домет. Како што велат од владата на Велика Британија, изложеноста на ваквото зрачење нема да има никакви ефекти врз здравјето на луѓето доколку предавателите и радијацијата се под препорачаните нивоа.

Со самото тоа што има многу повеќе предаватели, значи и дека истите ќе можат да работат со помала моќност, и како последица на ова, радијацијата ќе е дополнително намалена. Истата е под препорачаните нивоа со предавателите за 4G, а за 5G ќе е уште помала.

Каква е ситуацијата во Македонија?

Ако дискутираме за тоа како стојат работите локално, интересно е да се спомне дека првото 5G демо кај нас беше успешно реализирано уште во 2018 година, од страна на Македонски Телеком. Од тогаш, операторот работи на надградби на мрежата кои ќе овозможат технологијата да стане достапна за сите корисници на услугите на Македонски Телеком.

Покрај ова, една година подоцна тестирањата за 5G ги заврши и А1 Македонија во 2019 година. Ова значи дека двата најголеми оператори кај нас интензивно работат на тоа корисниците да имаат 5G најбрзо што е можно.

Доколку се навратиме на Националниот Оперативен Бродбенд План, кој беше усвоен на 2 април минатата година, се очекува до крајот на 2021 година барем еден голем град да биде покриен со 5G сигнал. Секако, со моменталната ситуација со COVID-19, ова несомнено ќе успори, но сепак се очекува технологијата да биде достапна и кај нас за некое време.  

2 коментари на “5G технологијата и предизвиците при нејзината имплементација

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии