5G ќе го промени светот, нови платформи и автономни возила

Паметни градови, автономни возила, нови платформи, се ова зависи од брз достапен интернет. Новата 5G технологија треба да ги донесе потребниот проток и стабилност за следната генерација на платформи, вели Recode.

Најголемиот дел платформи кои го менуваат светот како App Store или Amazon веќе ја користат моќта на интернетот. Следната генерација на мобилни мрежи, 5G, ќе биде побрза, а со тоа и ќе најде поширока примена. Токму ова е причината поради која Европската Унија сака да биде лидер во имплементацијата на мрежата. Унијата се надева дека ранoто прифаќање ќе овозможи креирање на стартапи кои ќе останат на континентот наместо да се преселат во Силициумската долина.

Една од технологиите за кои сега наголемо се зборува за како автономните возила се директно зависни од имплементацијата на 5G мрежите. Возилата треба да бидат постојано приклучени на облакот и да добиваат команди и навигација. Поради ова Европа предложи возилата да бидат поставени на приоритетен сообраќај.

Интернет на нештата, паметните градови, постојана поврзаност, проширената реалност се дел од технологиите за кои е клучна имплементацијата на 5G. Поради ова не само Европа, туку и САД и азиските лидери се заинтересирани за што поскоро неодложно имплементирање.

1 коментар на “5G ќе го промени светот, нови платформи и автономни возила

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии