Wikileaks е библиотека на сурови информации од доверливи документи за светски настани. Нивното најголеми влијание е објавување на „Авганистанскиот дневник“ со куп доверливи документи за војната. TED e светски настан со огромно влијание, наскоро и во Македонија. Покрај нив, како најдобри веб сајтови за вести се и Guardian.co.uk, феноменално и модерно веб издание на англискиот весник, сајтот на National Geographic, Onion, комичниот сајт за медиумски пародии и Daily Beast, веб новина за американската политика.

Во музичката и видео категорија се најде Vimeo, видео сајт кој стартуваше универзален плеер за сите платформи и сајт на кој можат да се најдат неверојатно квалитетни авторски видеа. На листата е и Movieclips, библиотека за филмски клипчиња. Тука е и Grooveshark, веб библиотека за слушање и купување музика каде корисниците си споделуваат свои листи. Tука се и MOG.com сајт за стримање музика и веб сајтот на шпанскиот бенд Labuat каде корисниците можат да ја нацртаат музиката.

Во категоријата за друштвени мрежи се LinkedIn, мрежа за бизнис контакти, Tumblr кој е платформа за креативни блогови, Gowalla, друштвена мрежа за споделување локација, како и FoodSpotting мрежата за споделување добар ресторан и StockTwits, веб сајт за следење на дискусијата за берзата.

Покрај овие три категории, има категории за најдобар веб страна за спорт, фамилија и деца, игри, сајтови со финансиски услуги и категорија за шопинг и купување. Целата листа oд 50-те најдобри веб сајтови на Time со објаснување за секој поединечен сајт ќе ја најдете на нивниот сајт.

1 коментар на “50 најдобри веб сајтови, според магазинот Time

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии