50 години од слетувањето на Apollo 7

Дејан Соколоски

во Свет

Оваа недела ја одбележуваме 50 годишнината од слетувањето на Apollo 7. На 22 октомври 1968 командниот модул на Apollo 7 слета во близина на Бермуда. Волт Канингам, Воли Шира и Дон Ајсл се првите астронаути од Apollo програмата кои беа во вселената.

Претходно тројцата астронаути беа на 11 дневна мисија. Apollo 7 полета на 11 октомври од Кејп Канаверал. Во текот на 11 дневната мисија беа извршени сите предвидени истражувања. Благодарение на ова, веќе следната мисија на Apollo 8,  беше прва мисија со екипаж која ја напушти ниската орбита на Земјата и стигна до Месечината.

„Слетуваме во облачни услови. Кога стигнавме на 22 000 стапки не се гледаше ништо. Трите главни падобрани требаше да се отворат на 11 000 стапки, но не можевме да видиме ништо. Почувствувавме како падобраните да се отворија, но не можевме да видиме колку падобрани се отворени. Ги проверувавме часовниците за брзината на спуштање, но од облаците не можевме да ги видиме падобраните до 500 стапки“, вели Волт Канингем на гала настанот одржан по повод 50 годишнината.

Apollo 1 требаше да биде првата мисија на програмата со екипаж, но во пожар во кабината на леталото загина екипажот. Поради ова во текот на истрагата за несреќата, мисиите со екипаж беа одложени 21 месец. Мисијата на Apollo 7 беше тест на командниот/сервисен модул. За оваа мисија за прв пат имаше и телевизиски преноси во живо од леталото.

Додека беа во орбита астронаутите го ротираа модулот со трастерите и  симулираа средба и спојување со лунарниот модул. Поради проблемите кои ги имаа во овој тест подоцна е направена промена во системот за сите следни летови на модулот.

Мисијата на Apollo 7 помогна за поставување на темелите на мисиите на Месечината кои следеа подоцна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии