50 Cents заработил 9 милиони долари од биткоин

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Раперот 50 Cents има многу многу среќа. Пред 3 години го понудил својот албум Animal Ambition на продaжба за Bitcoin, а денес тоа му се исплати многу повеќе.

Ако мислите дека е визионер и започнавте да му аплаудирате може да престанете. Раперот воопшто не ги користел овие токени, неколку години подоцна цената е 20 пати повисока. Сепак, Куртис Џексон на Instagram признава дека воопшто не му текнало дека ги поседува  валутите.

Во времето кога излезе албумот биткоин вредеше околу 662 долари, албумот чинеше дел од биткоин. На крајот од продажбата успеа да заработи околу 400 000 долари или 700 биткоини.

По сегашната цена од 11.000 до 12.000 долари, 50 Cents има заработено помеѓу 7 и 8,5 милиони долари, пренесе TMZ.

Сепак, по пребројувањето на средствата од куп „forks“ од биткоин 50 Cents всушност има повеќе, вели Motherboard.  Еве како изгледа вкупната сума од неговите биткоини по пресметани делења:

  • Bitcoin: 7 700 000 долари
  • Bitcoin Cash: 1 120 000 долари
  • Bitcoin Diamond: 133 000 долари
  • Bitcoin Gold: 130 200 долари
  • Super Bitcoin: 70 000 долари
  • Bitcoin Platinum: 36 400 долари
  • Bitcore: 8 750 долари
  • Вкупно: 9 198 350 долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии