5 сервиси за тестирање на брзината на вашиот сајт

Брзината на вчитување на сајтот игра огромна улога во корисничкото искуство, а од пред некое време и во рангирањето на интернет пребарувачите. Доколку вашиот сајт има проблеми со својата брзина, дали заради неподсреден код или заради лош хостинг провајдер, ќе се соочите со голем број на незадоволни корисници и поплаки.

На веб постојат неколку интересни алатки кои овозможуваат да ја тестирате брзината на вашите сајтови, некои од нив дури ќе ви посочат и кој елемент колку време се вчитува или пак ќе ве советуваат што е тоа што треба да го направите за да го забрзате сајтот…

Во продолжение следуваат неколку бесплатни онлајн сервиси за тестирање на брзината на вашиот сајт, а за да добиете подобри резултати, тестирањето вршете го со два или повеќе сервиси за секој случај.

1. Google Page Speed Online

Веб сервис на Google, кој ја рангира брзината на вчитување на вашиот сајт од 1 до 100 и притоа ви дава корисни совети за што е тоа што треба да го оптимизирате за да имате побрз сајт. До алатката може да се пристапи преку сајтот  или пак можете да ја инсталирате како додаток на Firebug во Chrome и Firefox.

2. Pingdom Tools

Оваа бесплатна алатка за тестирање на вашиот сајт ќе ви овозможи да прегледате кој елемент (слики, JavaScript-и, CSS…) колку време се вчитува. Дополнително информира и колку вкупно елементи се вчитани и колкава е целата големина на сајтот.

3. WebPage Test

Алатка која ја тестира брзината на вашиот сајт а притоа ви овозможува да подесите параметри како прелистувачи, брзина на интернет конекција и да одберете различни локации низ светот.

4. BrowserMob

Уште една одлична и бесплатна алатка за тестирање на вашиот сајт која освен брзината прикажува и дополнителни корисни податоци за сајтот како вкупна големина на фајловите и бројот на објектите.

5. Which Lоads Faster?

Одличен сервис кој ви овозможува да споредите кој од двата зададени сајтови се вчитува побрзо.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии