5 сајтови за купување евтини дигитални игри

Од најголемата Steam распродажба не делат уште добри четири дена, но тоа не значи дека мора да чекате доколку сакате да купите некоја ем квалитетна ем евтина игра. Ова се петте дестинации кои веднаш можете да ги посетите и да си се почестите со многу добар наслов за многу малку пари.

Epic Games Store – Распродажба на бројни игри со попусти до 75%. Добро е тоа што имате неограничен број од ваучери кои дополнително ја намалуваат цената на игрите за 10 евра. Игрите мора да се 15 евра, или поскапи од тоа. Со ваучерот можете да зграпчите неколку интересни игри за цена од само пет евра. Секој ден по една игра е целосно бесплатна.

Green Man Gaming – Бројни, длабоки попусти, како и постојани краткотрајни флеш зделки ја прават оваа дестинација задолжителна за секојдневно посетување. Што повеќе купувате од тука, толку поголеми бенефиции имате во XP одделот на вашиот акаунт.

GOG – Продавницата зад која стои CD PROJECT RED продава илјадници наслови со попусти до 90%. Сите игри се DRM-Free и можете да ги користите онака како што сакате. За пофалба е и нивниот клиент Galaxy кој ги поврзува сите ваши гејминг акаунти и нуди корисни опции за управување од една појдовна точка.

Ubisoft – Бројни игри од францускиот издавач можат да бидат поевтини за дополнителен 21% така што ќе се искористи купонот WELCOME2021. Пред да купите некоја игра тука, проверете да не е поевтина со ваучерот на Epic Store. Играта на Ubisoft купена од Epic се активира и преку uPlay. Интересно е тоа што штотуку излезената Immortals Fenyx Rising веќе се продава со скоро преполовена цена.

Fanatical – Продавница која е позната и по евтини пакети со игри и по продавање индивидуални игри. попустите на игри никако не се за потценување, а секојдневно се нуди по една игра со драстично намалена и историски најниска цена. За потрошени 10 долари или повеќе добивате подарок игра.

Што ќе купите? Која продавница пропуштивме да споменеме? Кажете нѝ во коментарите или на форумот!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии