5 работи за новото DLC за The Elder Scrolls Online

Неколку дена како The Elder Scrolls фановите уживаат во најновото DLC насловено Flames of Ambition. Во случај да сеуште не сте го провериле додатокот, ова се пет работи би требало подобро да ве вовлечат во новото искуство.

  • Flames of Ambition е составен од две зандани – Black Drake Villa и The Cauldron. Занданите трајат од 30 до 50 минути, во зависност од тимот со кој ќе започнете и брзината со која се движите. Занданите се замислени подобро да ве вовлечат во најновото поглавје во јуни, но ние не бевме задоволни од исклучително кратката и невпечатлива приказна која се развиваше преку отсечни дијалози од мал број NPC ликови.
  • Онаму каде што Flames of Ambition навистина сјае во преубавите и целосно различни предели. Бевме импресионирани од начинот на кој се дизајнирани мапите, како и бројните непријатели со нивните уникатни механики за пресметки. Згора на тоа, нѝ се допадна механиката со неколку предизвикувачки загатки во Black Drake Villa, иако разбираме дека оние што се по луди пресметки без запирање не би го ценеле таквиот труд премногу.
  • Во моментот кога ќе навлезете во која било зандана, ви се отклучува Fire Forged Maul Outfit – изглед на ипозатно оружје обвиткано во заканувачки пламени. На располагање имате и нови изгледи на оклоп и достигнувања.
  • Основниот пакет на Flames of Ambition чини 1500 круни. Она што ние би ви препорачале, меѓутоа, е да се претплатите на еден месец во играта и бесплатно да ги искусите и ова и сите други претходни додатоци. Со претплатата добивата и 1650 круни, неограничено складирање материјали и многу повеќе. Оние кои ќе го зграпчат колекционерското издание за 4000 круни, ќе добијат и ново животно за јавање, како и ново милениче.

Со додатокот и целосно ново редизајнирање на Champion системот со активирање корисни бонуси и способности. Девелоперите разбираат дека е потребно одредено принавикнување на овој систем и во наредните две недели охрабруваат какво било експериментирање со системот без никакво финансиско пенализирање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии