5 работи што можеби не ги знаете за безбедноста на вашиот Android уред

Телефоните се чувари не само на нашите лични податоци, туку и бројни сметки и финансиски податоци, особено доколку често купуваме од различни веб сајтови, или пак плаќаме сметки. За таквите потреби, повеќето од нас користат Андроид уреди. Безбедноста кај нив е на исклучително солидно ниво, но не и доколку решиме да ги занемариме следниве работи.

Безбедносните надополнувања исправаат бројни дупки кои можат да бидат експлоатирани од хакери. Активно користење направа која ги нема најновите безбедносни надополнувања знае да предизвика компликации кои се кобни по вашата приватност. Пред само една година, половина од андроид напојувани направи не беа правилно ажурирани. Причината поради тоа е што повеќето произведувачи на телефони не ги поддржуваат постарите модели подолго време. Во случај да подолг период не се достапни надополнувања за вашиот модел, можеби не е лошо да почнете да размислувате што би сакале да си купите за вашиот роденден.

Малициозните апликации се исклучително огромна закана која пушта длабоки корени во бројни андроид направи. Овие апликации собираат лични податоци за вас, а и често ве фрустрираат со крајно наметливи реклами. Изворот на ваквите главоболки првенствено е од инсталирање апликации кои се надвор од Google Play Store. Еден извештај од 2017 година сведочи за тоа дека само 0.02% од апликациите од Google Play Store биле компромитирани. Надвор од Google Play Store и Amazon, не се препорачува да инсталирате апликации.

Таканаречените phishing методи се уште еден непотребен трн кој треба да го избегнувате. Се крие во форма на линкови во SMS пораки, и-мејлови, апликации и веб сајтови, а целта е да ги принуди посетителите да посетат малициозен сајт или да преземат инфицирана апликација, или фајл. Во моментот кога ќе се инфицира нечиј телефон, истиот може да се искористи за да праќа малициозни линкови на сите контакти. Како резултат, може да ви се украдат лични податоци, да се наметнат скриени трошоци или да се пласира планина од наметливи реклами. Секојпат кога добиете пораки со сомнителни содржини и линкови, размислете внимателно за начинот на кој ќе решите да реагирате.

Отклучени Wi-Fi мрежи се исклучително корисни за продолжување на вашето присуство на социјалните мрежи, но секојпат кога ќе пристапите кон несигурна Wi-Fi мрежа ризикувате вашите податоци да ви бидат украдени. Погрижете се да сте запознаени со изворот и да се приклучувате само на мрежи од лица на кои можете да им верувате. Во спротивно, користете VPN за да ги прикриете трагите. За потребите на виртуелна, приватна мрежа, проверете ги можностите на TunnelBear VPN, или, можеби, NordVPN.

Паметни стратегии при користење на телефонот се повеќе од добредојдени. Погрижете се вашиот телефон да може да се отклучува само со PIN, или преку отпечаток, доколку таквата технологија е присутна во самиот телефон. Погрижете се вашата лозинка, односно пинот да не е лесен за погодување и да не се користи истиот низ повеќе направи. Вклучете посилна автентикација кај сите акаунти што поддржуваат такво нешто, како two-factor authentication за Google. Дознајте дали вашата лозинка е компромитирана преку haveibeenpwned.com.

За крај, не заборавајте дека не е лошо и да инсталирате дополнителни апликации за подобра безбедност. Повеќе на оваа и слични теми, можете да прочитате преку следниве линкови:

Дали ви треба антивирус за вашиот Android уред?
Седум совети за подобра заштита од ransomware
5 додатоци за побезбедно сурфање на вашиот омилен прелистувач

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии