5 plus – eдукативна игра за деца на македонски јазик

Македонски Телеком и ОХО, претставија едукативна мобилна апликација на македоснки со анимираниот лик Петко, кој треба да им помогне на најмалите да учат преку игра.

Апликацијата содржи избор од интерактивни едукативни активности на македонски јазик кои помагаат за развој на основните логички операции кај децата и ја поттикнуваат нивната креативност. Иако моментално е достапна само опцијата за боење, наскоро се најавени повеќе едукативни активности.

Апликацијата треба да има 4 иницијални забавни активности: Боење, Читање, Пеење, Играње игри.

Во ова дигитално време, кога децата уште од најмала возраст се во допир со технологијата, сè потешко е да се контролираат содржините на кои тие налетуваат. Технологијата може да го направи учењето поедноставно, полесно и позабавно, и оттука, идејата зад 5+ апликацијата е децата корисно да го поминат времето на интернет, да учат преку игра и да следат квалитетни и едукативни теми на македонски јазик.

Преку боењето, децата можат да „оживеат“  цртежи со Петко, кои потоа можат да ги читаат и раскажуваат; преку пеењето – можат да ги одберат, да ги слушаат и да ги пеат познатите песни на 5+ Бенд, да ги пополнуваат зборовите што недостасуваат на свој оригинален начин. Играњето игри како активност на 5+ е однапред испланирана забава со јасни пораки за зачувување на животната средина, основни бон-тон правила, добрососедски односи, сообраќајни правила, здрава исхрана и здрави навики.

Апликацијата е создадена со намера децата да следат квалитетни и едукативни теми преку медиум кој им е добро познат и така да се изградат и да се дефинираат себеси уште од рана возраст.

Апликацијата може да ја преземете на Play Store и App Store.

1 коментар на “5 plus – eдукативна игра за деца на македонски јазик

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии