5 oдлични веб и мобилни потсетници

Апликациите за организација на обврските се едни од тие апликации кои значително можат да ви го олеснат животот и да ви донесат поголема продуктивност. Тоа што е важно кај нив е што имаат одлична синхронизација и се користат на мобилен телефон, така да може да ги користите од било каде во било кое време.

Можеби сè уште не сте решиле да започнете да користете некоја апликација за креирање на потсетници, to-do листи и oрганизација на работните обврски, но се надевам дека по читањето на овој текст ќе одберете да испробате барем една. Секако дека се работи за бесплатни апликации, кои некои од нив имаат Pro верзии кои се плаќаат.

Evernote

Evernote е сервис кој ви овозможува да фаќате „белешки“ и да ги архивирате додека прегледувате веб сајтови. Тие „белешки“ се од фотографии, текст, линкови, видеоа, дури и закачени фајлови, кои ќе може да си ги организирате според фолдери, тагови, и други категории, и кои ќе ви бидат достапни за користење од бил кој уред. Мој личен фаворит меѓу апликации со чие користење нема да заборавите ама баш ништо. Веб апликацијата се синхронизира со апликациите за Android и iOS.

[youtube]jQP0gkPnEcY[/youtube]

RTM – Remember the milk

Remember the milk е едноставна to-do листа за организација на обврските според датум, категорија, и најважно, според приоритет. Првично ја имав инсталирано на Google Chrome како апликација, без да знам дека ја има и за Android, Blackberry и iPhone, со кои може да се синхронизира. Тоа што е добро кај мобилната апликација е што може да се користи локацијата како показател за каде е најблиската следна обврска. Апликацијава може да се користи преку Microsoft Outlook, Gmail, Google Calendar и Twitter, а можете да додавате белешки и преку Siri на iPhone 4S.

[youtube]fm06fmhQbvQ[/youtube]

Google Tasks

За оние кои не сакаат да користат други веб апликации, а воедно имаат Gmail account, решениетo е Google tasks. Gtasks се користи преку вашиот Gmail и практичноста е во тоа што имејл пораките можете да ги додавате во алатката и да се организирате според нив. Постои и Android апликација Gtasks која се синхронизира со листата внесена преку Gmail.

[youtube]qrka_3jui8M[/youtube]

Аstrid

Оваа апликација покрај тоа што е забавна, воедно е и малку поразлична со тоа што е друштвена to-do листа и овозможува групна организација на белешките и листите. За да ја користите веб апликацијата може да се логирате преку вашиот Facebook и Google профил, од каде апликацијата ги наоѓа вашите контакти и пријатели за да можете заедно да ја користите истата. Освен веб апликација, може да се синхронизира со верзиите за iPhone и Android, како и со Gtasks.

Todoist

Todoist е веб базирана едноставна апликација за организирање на обврските. Едноставност допринесува кон побрзо користење на апликацијата, која има и одлични кратенки на тастатурата за извршување на одредени опции. Овозможува пристап од мобилен, Gmail интеграција, додатоци за прелистувачи, поддршка со Outlook и разни виџети.

[youtube]bZT-sC-gXFU[/youtube]

4 коментари на “5 oдлични веб и мобилни потсетници

  1. Благодарам за забелешката, не сакав постот да биде предолг и затоа морав да скратам и да изберам 5.

    Од твоите предлози, најмногу ми се допадна any.do поради минималистичкиот и едноставен интерфејс, меѓутоа кога сакав да ја користам и како веб апликација, добив e-mail дека сум ставена на листа на чекање, што значи дека ќе може да ја користам само Android апликацијата и поради тоа не ја ставив во листата.

    1. За iOS незаменлива е новата апликација Reminders од Apple, највеќе заради гео-ремајндерите кои се вклучуваат кога ќе се приближиш или одалечиш од некоја наведена локација.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии