5 одлични Chrome екстензии

Минатиот месец ви претставивме неколку корисни или барем убави екстензии за Google Chrome. Продолжуваме со истата пракса и овој месец.

OneTab

Chrome можеби е супер прелистувач, но меморијата која ја користи за куп процеси не е. OneTab ја намалува меморијата која за табовите. Екстензијата ги затвора табовите и ги чува во сопствена листа која овозможува користење на 95% помалку меморија.

Chrome е еден од најкористените прелистувачи и можеби и е најдобриот, но меморијата која ја користи е често неколку гигабајти. Лоша вест е дека овие страни ќе треба повторно да ги вчитате.

Momentum

Ова е најверојатно најубавата екстензија за Chrome. Со секое отворање на прелистувачот ќе ве пречека нова прекрасна слика, мотивација и нов цитат. Дополнително, може да си креирате распоред за работа, но распоредот не е причината поради која Momentum се најде на листата. Добра вест е дека екстензијата е достапна и за Firefox.

CamelCamelCamel

Оваа екстензија е наменета за корисниците кои често купуваат онлајн, иако првенствено за купувачите на Amazon. CamelCamelCamel ја следи цената на производите на Amazon кој ги разгледал корисникот и го известува кога некој е на попуст.

Ако не купувате онлајн или не го користите Amazon, екстензијата нема никакво значење.

Privacy

Privacy е наменет за сите кои купуват или плаќаат онлајн. Налик на LastPass, но за платежни картички, екстензијата овозможува менаџмент на платежни картички за онлајн плаќање. Сервисот овозможува и креира виртуелна платежна картичка преку која се маскира секое плаќање онлајн.

Можеби најдобрата примена на сервисот е за пробен период на некој сервис за кој е потребна картичка. На пример, корисникот може да направи виртуелна каричка со лимит од 1 долар.

Може да се генерираат различни картички, да се стави лимит на нив и да бидете побезбедни додека плаќате онлајн.

 

Taskade

Taskade екстензија, но и сервис кој овозможуваат крeирање на нов таб во листа. Оваа листа дополнително може да се сподели со пријателите, или покорисно, со соработниците.

Со оглед на тоа дека повеќе корисници може да работат на истата листа, алатката овозможува основна соработка иако не треба да очекувате ништо спектакуларно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии