Има уште илјада факти за растот и развојот на гејминг индустријата, но еве 5 нешта зошто е подобро пред компјутер во виртуелен свет, отколку пред телевизор во „холивудски“ свет. Ги споредувам со телевизија поради фактот дека двете нешта одземаат најголем дел од слободното време.

1. Активна vs. Пасивна активност
Ова се однесува целосно на компјутерите/интернетот vs. телевизорот. Блеењето во телевизорот е пасивна активност – легате, гледате и подолго време менувате канали, на секои 5 секунди, без воошто да се задржите на содржината. Исклучок се филмовите кои траат час и половина или 3 (Lord of the Rings), но повторно тоа е пасивно нешто. Легате или седите и гледате филм, по можност со нешто за грицкање пред вас што е всушност лоша храна и води кон дебелење.

Наспроти тоа се видео игрите – активна забава, правите нешто, размислувате, креативни сте
… што не доведува до второто нешто зошто видео игрите се подобри од ТВ.

2. Креативност
Незнам зошто го аргументирам ова бидејќи е повеќе од јасно. Телевизијата е „гума за жвакање на очите“. Видео игрите бараат мозокот да биде вклучен додека ги играте. Точно, има видео игри во кои работите се повторуваат постојано и се механички. Но таквите игри немаат баш успеx на пазарот. Од друга страна секоја игра има нивоа на тежина. Најтешките нивоa бараат да направите план и стратегија за како ќе завршите одредена мисија.

Друго добро нешто е што ако пукањето во компјутерски монструми не ви е интересно, постои огромен избор на стратегии и слични креативни игри кои бараат од вас да решите одредени проблеми, пример:
најпопуларната видео игра за Playstation во овој момент е креативната Little Big Planet.

3. Не лути се човече
Спортот е најдобриот изум на човекот. Забавен, интерактивен, некои го развиваат телото, други умот. Денеска некои од видео игрите се гледаат како е-спорт, подолу можете да видите и видео од првиот стадион за е-Спорт за Intel Extreme Masters натпреварувањето.

Од спротивната страна го имаме ТВ каде единственото натпреварување е меѓу самите канали, кој има подобра содржина, и кој ќе презентира повеќе реклами и со тоа повеќе пари. Се разбира спорт надвор на свеж возух е здрав и треба да се практикува, ама да се соочиме со реалноста. Видео игрите се поинтересни. :D

Кога се натпреварувате во виртуелниот свет т.е спортувате или го развивате умот, пример: шах или стратегии, или пак ги развивате рефлексите, пример: Halo, CounterStrike, PVP во онлајн игрите, или кога сме кај онлајн игрите ги развивате и комуникациските вештини… што не води до третото нешто зошто видео игрите се подобри од телевизијата.

3. Комуникација/Интеракција
Со телевизорот не се разговара. Сум пробал да зборувам со водителите на Ексклузив затоа што се… но џабе. Што се однесува за видео игрите, тие си го најдоа своето место во светот каде интернетот станува достапен за сите. Развојот на масивни мултиплеери со по 13 милиони корисници ширум светот во World of Warcraft или пак скоро 8 милиони луѓе во Second Life. Две игри сосема спротивни, едната воинствена другата социјална, а сепак бројот на корисниците се повеќе расте. Зошто?

Едноставно затоа што е досадно да седиш сам и да гледаш во екран. Луѓето сакаат да зборуваат, пример да ги земам претходните два најпопуларни ММО света – Second Life и WoW – и двете игри се направени така да мора да бидете во група или да соработувате со други играчи за да напредувате во играта. Без комуникација со соло играње не е можно. Тоа се основните правила во тие игри. Сега споредете ги со зборување со телевизорот.

4. Подобро од лексилиум
Додека го пишувам овој текст објавивме рецензија за Quake Live, бесплатна онлајн игра со пукање и убивање на противниците. Играта е адреналинска, забавна и за разлика од „учените“ студии не предизвикува насилство. После 2-3 меча откако ќе се смири адреналинот во вас, вие сте преморени поради напорните борби кои бараат концентрација, или пак сте среќни и еуфорични затоа што сте успеале да ‘pwn’ некој подобар противник од вас. ‘Pwn’ е гејмерски термин кога ќе победите некој.

Играм игри од мал и никогаш играта не ми предизвикала насилство, напротив ми овозможува да се релаксирам и да потрошам малку слободно време, сам или со пријателите (види 3). Додека пак константно се нервирам кога гледам телевизор и кога коментаторот за време на фудбалскиот меч не ги знае имињата на фудбалерите. А за вести да не зборуваме … има ли поголема нервоза и потиштеност од политички малверзации и игри посебно сега кога идат избори?

5. Забавно е
Затоа одморете се, оставете го телевизорот и внесете се во виртуелниот свет на видео игрите. Доколку сте бизнисмен има голф, играјте и научете ги игрите. Доколку сте домаќинка, вклучете Sims уредете си го домот по ваше, без децата да ви прават проблеми. Ако сте музичар тогаш Guitar Hero, а доколку сте нервозни или мислите дека имате вештини се гледаме на Quake Live … pwnage!



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии