5 најинтересни работи за The Sims 4: Island Living

The Sims 4: Island Living само што не е излезена! Најновата експанзија ќе вдахне нов живот веќе од 21 јуни, а ова се петте работи кои најмногу нè возбудија за новата експанзија.

1. Целосно нова локација

The Sims 4: Island Living е сместен на рајски остров. Сулани е преубава, сончева локација преполна со најразлични активности и бројни можности за незаборавни летни екскурзии и авантури.

2. Зграпчи го денот со нови активности

За време на вашиот рајски престој ќе можете да пливате, да управувате со кану, да се втурнете во цет скијање, да градите песочни замоци, па дури и да се дружите со сирени. Знаејќи ја откачената креативна жичка на развојниот тим, претпоставуваме дека плодовите од ваквата дружба нема да бидат целосно позитивни.

3. Нови кариери за подобро утре

Парите го прават животот убав, а доколку се најдете во ситуација да ви зафалат, ќе можете да ги засукате ракавите и да започнете нови кариери. Па така, на Сулани, ќе ловите риби или ќе нуркате и истражувате подводен свет. Во случај да барате поголем предизвик, ќе можете да работите и како спасител на плажа или заштитник на природата.

4. Нова облека и нови предмети

Ова е одлично време да ги подготвите вашите сим ликови и нивните куќи за озбилен визуелен ремонт. Експанзијата планира да понуди широк спектар од најразлична облека и предмети кои се препознатливи за островите и нивните жители.

5. Скриени изненадувања

The Sims 4: Island Living шири егзотична мистериозност за која не можеме да дочекаме да ја откриеме во целост. Традицијата игра клучна улога во Сулани и импонира со свежи животни стилови и активности. Развојното студио ветува бројни можности за запознавање со локалниот фолклор, пробување тропски деликатеси и длабоки, иако нерабирливи, разговори со предците од островот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии