Звучи чудно, нели? Како да отидете на плажа, а да одбивате да се капете. Иако, во сржтта на сите ММО игри се интегрираат механики за заедничко играње, ова се петте универзуми во кои можете да го негувате вашето антисоцијално его до бесвест и да докажете на дигиталните групи дека сам не значи и осамен.

5. Neverwinter

Neverwinter е ММО игра која почнува на исклучително висока нота. Основната приказна е повеќе од интересна, светот огромен, а на ликовите им се позајмуваат гласови од вистински актери. Сево ова, потпомогнато од акциони гејмплеј механики, допринесува до огромно чувство на имерзивност. Во тие првични триесетина часа, не ви треба никој за епска соло забава, но, во моментот кога ќе завршите со основната кампања и ќе се префрлите на некоe од бројните проширувања, притисокот на самостојни авантури станува повеќе од забележителен, а грајндот неиздржлив.

4. Lord of the Rings Online

Запрепастувачки е колку многу имате на располагање во Lord of the Rings Online и тоа без да ги земете во предвид петте ескпанзии за играта. Класите, нивоата, приказната и светот се пријателски настроени кон вашите амбиции за самостојно напредување. Исклучително мал број квестови во постарите зони се за поголеми групи, но главната епска линија, како и лепезата од споредни квестови се осмислени за соло играње, дури и низ најголемите битки можете да преживеете сами, барем додека да пристигнете во Мордор.

3. Guild Wars 2

Главна приказна која се менува во зависност од расата со која играте и одлуките кои ги донесувате. Пет огромни и уникатни региони, дополнително поделени на уште четири зони. Бројни класи, професии и тони од опрема, оружје и облека. За максимално уживање во отворениот свет на Guild Wars 2 не ви треба никој, а онаа помош што ја добивате од останатите е органски интегрирана и доаѓа во форма на пријатно освежување. Во моментот кога ќе го достигнете нивото 80, ниедна врата не може да ви биде затворена и со огромна леснотија можете да се префрлите во некоја од двете експанзии или дваесетте living world епизоди. Guild Wars 2 е игра која го преплавува играчот со најразлични активности кои никогаш не се чинат нефер или скржави во наградувањето.

2. Star Wars: The Old Republic

Во случај да ги одигравте соло RPG игрите на Bioware и Obsidian (KOTOR 1 и 2), тогаш точно знаете во што се впуштате со оваа ММО игра. Star Wars: The Old Republic е KOTOR од 3 до 10. Во ниеден момент не се крие фактот дека ова е игра во која можете до максимум да уживате сами. На располагање имате различни и уникатни приказни кои ќе ве одведат на бројни планети и впуштат во драматични конфликти кои можат да бидат разрешени само со вашето самостојно влијание. Од сите игри на оваа листа, Star Wars: The Old Republic се чини како најдобриот избор за соло играње.

1. The Elder Scrolls: Online

Играта која имаше проблематичен старт и беше предмет на потсмевање сега е една од најдобрите ММО игри. Со феноменална музичка подлога и квалитетни актерски способности кои ги позајмуваат гласовите на апсолутно секој лик од играта, The Elder Scrolls: Online е комплексно пакување кое крие имерзивност од огромна моќ. Ова е игра чија главна приказна и квестови се осмислени на тој начин да кога ќе видите некој друг играч во одредени зони, имерзивноста се крши, а задоволството паѓа за неколку степени подоле.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии