5 милиони Gmail профили се најдоа на руски биткоин форум

Комбинации на Gmail имејл адреси и лозинки на 5 милиони корисници се објавени на руски биткоин форум, јави Lifehacker. Сепак не постојат индикации дека овие комбинации се добиени по напад врз Gmail, а се појавија и тврдења кои велат дека овие адреси се објавени уште пред шест месеци. Но, опасноста е што покрај тоа што станува збор за подолг период, адресите и лозинките се актуелни и денес. На Reddit се појавија тврдења дека станува збор за комбинации од лозинки кои корисници на Gmail ги користеле за креирање профили на најразлични сервиси, но не значи дека тие лозинки се на нивниот Gmail профил.

Можеби поинтересно е што сајтот за проверка на тоа дали сте цел на овие напади IsLeaked, е регистрирана само два дена пред објавувањето на сторијата. „Овој сајт можеби испраќа податоци од милиони луѓе до хакери кои ќе ги користат за спам. Можно е Isleaked.com да е креирана токму од луѓето кои ги објавија лозинките“, вели Jameswatt. Но, може да проверите дали ви е пробиена лозинката на побезбедниот сервис на Knowem.com.

Советите за заштита до корисниците остануваат исти: користете сложени лозиники, двојна авторизација секој пат кога е достапна, користете различни лозинки за различни сајтови и секогаш гледајте да сте на безбедниот HTTPS протокол.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии