Пример за таква „само за iPhone, сега и за Chrome” апликација е Wikihood која користи Google Maps да ви прикаже локација на која ќе најдете ознаки за занимливости и интересни нешта објаснети со дополнителен текст извлечен од Wikipedia.

Layers for Google Chrome е интересна веб апликација која користејќи ги вашите Twitter и Facebook стримови ви ги прикажува веб страните скриени за постираните линкови, заедно со видеата и други споделените пораки над самите твитови и статуси. Апликацијата е едноставна, лесна и сите споделувања ви се на едно место без да отварате нови табови, прелистувачи или друштвени мрежи.

Advanced Image Editor by Aviary e алаткa веб апликациja за уредување, креирање и едитирање фотографии. Aпликациjaта е всушност копија на веќе достапните Aviary алатки кои може да се најдат на нивниот веб сајт, но токму тоа е поентата на Google со Web Store – да не се шета корисникот низ сајтови, туку да ги користи алатките преку Chrome кој сега стана платформа.

Веб апликацијата Sports Illustrated Snapshot е одличен пример за модерен магазин со слики и информации за спортови примарно пратени во САД. Има и опција читателот да може да си одбере да добива информации, резултати и слики за својот омилен тим.

ТweetDeck е Тwitter/Facebook клиент кој сега наместо да стартувате посебен софтвер може да го имате „вградено“ во прелистувачот. Апликацијатa овозможува следење на комуникацијата на Facebook и Twitter.

<Бонус> Иако не е веб апликација, туку само додаток за Chrome, во веб продавницата ќе ја најдете и 0.mk екстензијата на македонскиот URL скратувач која има опции за скратување линкови и нивно споделување на Twitter и Facebook, како и можност за креирање QR код.

3 коментари на “5 кул Chrome веб апликации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии