5 корисни работи за кои се користат дроновите

Штом се споменат дронови, обично ни паѓаат на памет две работи. Или милитаристички употреба или викенд занимации. Но, дроновите се способни за многу повеќе и нивната функција може да биде ограничена само од имагинацијата, особено кога ќе се стави во равенката и желбата за поекономична ефикасност. Она што следи се пет начини на кои одредени институции решија да ги искористат потенцијалите на дроновите.

1. Дистрибуција на стерилни комарци за борба против болести

WeRobotics се справува со бројните болести кои доаѓаат од комарците така што исфрла од дронови стерилни комарци кои биле одгледувани во контролирана околина. Организацијата неодамна започна со ваквиот подвиг, а времето треба да им покаже колку таквата стратегија е всушност успешна. Од организацијата се надеваат дека на овој начин ќе бидат спречено значително повеќе болести кои се пренесуваат првенствено од комарците и од кои умираат милиони луѓе, на годишно ниво.

2. Детекција на ајкули во плитки води

Универзитетот за технологија во Сидни има осмислено AI систем кој со голема прецизност може да детектира ајкули во реално време. Таквиот систем стана имплементиран од The Westpac Little Ripper Lifesaver организацијата и нивни дронови се користат да надгледуваат каква е ситуацијата на австралиските плажи и дали во близина некој од исклучително опасните предатори.

3. Испорачување лекови од една до друга болница

Во Швајцарија почна да се тестира проект каде се пренесува крв и лекови од една до друга болница. Ваквото нешто произлезе од стартапот на Matternet. Од тимот се надеваат дека нивниот стартап ќе еволуира во многу поголема мрежа и ќе ја оствари вистинска смисла на зборот peer to peer. Секоја од болниците кои се дел од тест фазата си имаат дронови кои можат да ги активираат во кој било момент, особено кога е потребно да се заштеди на време, а и да се елиминираат трошоците за дистрибуција.

4. Надгледување загрозени животни

Дивите животни знаат да бидат исклучително тешки за детекција и за следење и таквото нешто обично се сведува на трпеливо чекање/ возење во џип или бавно следење во временски услови кои можат да бидат и тоа како екстремни. Со имплементација на дронови, таквата нелагодност е целосно елиминирана, а одредена AI алгоритми можат да помогнат за автоматско препознавање, надгледување и алармирање во случај на исполнување на одредени параметри. Тим од научници од универзитетот Liverpool John Moores развија дрон со напредни способности за инфрацрвено надгледување. Нивниот дрон може автоматски да идентификува животни според топлината на нивните тела и луѓето зад екранот точно знаат какво животно се крие во крошна на дрво или во високата, густа трева.

5. Спречување недозволен лов и риболов

Дејмијан Мандер и неговата меѓународна организација против недозволен лов на животни користат дронови за да спречат масовно ловење дивеч. Нивните дронови покриваат над 1 милион хектари земја, а за детекција на престапниците користат надградена технологија за термална и ноќна детекција. На овој начин, ренџерите од фондацијата добиваат полесен увид во моментната ситуација и поефикасно ги пронаоѓаат сите оние кои бараат задоволство во вакви работи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии