5 интересни факти за PlayStation 5

PlayStation 5 и понатаму нема ни за лек, но тоа никако не значи дека не можеме да прочитаме 5 интересни факти поврзани за најновата конзола на Sony.

  • Под хаубата на PS5 чука 7 nm AMD Zen 2 процерор со осум јадра, AMD Radeon RDNA 2 графичка, 16GB GDDR6 RAM, и 825GB SSD хард диск. PC ентузијастите би можело да ги интересира дека алтернатива на графичката во PS5 би можела да биде RX 5700 XT или RTX 2070 Super.
  • DualShock 4 контролерот, кој е за PS4, може без проблем да се користи со PS5, но само во менито и со PS4 игри. Доколку вклучите PS5 игра ќе добиете известување дека треба да приклучите DualSense контролер. Се чини како одлична комбинација да имате PS4 игра која можете да си ја играте додека DualSense се полни.
  • Remote Play ви дозволува да стримате игри од вашата PS4 конзола директно на PS5-та. Со ова, можете да гејмате и во ситуации кога немате доволно простор на хард дискот. Имајте во предвид, меѓутоа, дека графиката не е премногу добра кога се стрима нешто и дека потребно е и двете конзоли да се поврзани на една мрежа.
  • Не сите игри можат да се играат со 60 фрејмови во секунда, или повеќе. Многу PS5 игри имаат два режими, едниот обично се вика Performance, a другиот Quality. Па така, во Watch Dogs: Legion, Performance нѝ дозволува да ја играме играта со 60 фрејмови во секунда, но со средни графички поставки и исклучен ray tracing. Quality модот, меѓутоа, значително ја разубавува графиката со високи графички поставки и вклучен ray tracing, но со 30 фрејмови во секунда.
До сега, овие режими ги имаме проверено и во Rift Apart, Assassin’s Creed Valhalla, Marvel’s Avengers и Demon’s Souls и, за нас, Quality модот бара одредено навикнување и компромиси, a Performance нуди исклучително флуидно, иако графички – осиромашено искуство.

За жал, не сите PS4 игри можат да се играат со 60 фрејмови во секунда и некои се и понатаму заклучени со 30 фрејмови во секунда. За да дознаете кои PS4 игри можат да се играат во 60 фрејмови во секунда, или повеќе, кликнете тука.

  • Се работи на нов PS VR уред кој ќе има запрепастувачко висока резолуција (2000 x 2042, од око) и ќе дозволи целосно 4K HDR искуство. Доколку сакате моментниот PS VR уред да го користите преку PS5 мора да земете неколку важни работи во предвид.

Тоа беа петте работи кои решивме да ги извоиме овојпат. Читајте нè и понатаму за уште интересни факти поврзани за вашите омилени работи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии