5 in 5 – пет иновации кои ќе ни го променат животот во следните 5 години

Дејан Соколоски

во Вести

Image courtesy of IBM

Традиционално неколку години по ред истражувачите во IBM на почетокот на годината ги објавуваат своите предвидувања за следните 5 години. Станува збор за технологија за која сега започнуваме да разговараме, а IBM смета дека за 5 години ќе бидат секојдневие. Вообичаено на листата е технологија за која ќе бидат потребни многу повеќе од 5 години, но токму затоа и е интересна.

1. Со блокчејн против фалсификати

 Фалсификуваните производи годишно предизвикуваат штета од 600 милијарди долари. Дополнително, на фалсификати не е отпорна ни фармацевтската индустрија, а ова е или штетно или нема никакво влијание за корисникот на лековите. Фалсификатите може да се појават во било кој дел од патот на производот и со сегашните методи е речиси невозможно да се сопрат.
Комбинација на блокчејн и „crypto anchor“ за пет години ќе стави крај на фалсификатите.

2. Сајбер нападите ќе продолжат

Бројот на напади, софистицираноста на нападите и штетата која ја причинуваат онлајн напаѓачите растат секоја година. Денешните методи на заштита нема да бидат доволни да ги зачуваат податоците од моќните компјутери. IBM работи на креирање на криптирање на податоци со комплексни математички проблеми.

Секако ваквото криптирање ќе трае до појавата на квантни компјутери кои прилично брзо ќе го надминуваат и најсофистицираното криптирање.

3. Мрежа минијатурни роботи ќе го чисти морето

Проблемите со загадувањето во голема мера се пресликуваат и на водата. До 2025 година половина од населението ќе живее во области со проблеми со снабдување на вода.

Истражувачи и научници работат на експерименти со минијатурни микроскопи со кои ќе се регистрираат промените кај планктонот. Микро-организмите се чувствителни и на минимални промени, па со следење на нивната состојба полесно и побрзо се следи и некое идно загадување.

За иднина овие роботи ќе бидат поврзани во мрежа во облакот во кој ќе се обработуваат сите податоци и ако има потреба ќе ги алармираат луѓето.

4. Пристрасна вештачка интелигенција и нејзиниот крај

Во следните 5 години ќе продолжи развојот на вештачката интелигенција. Бројот на нови системи ќе расте, а со нив и бројот на системи со грешка поради „пристрасност“. Грешките во системот се јавуваат поради луѓето кои го креираат системот и лоши податоци кои се користат за „тренирање“ на вештачката интелигенција.

Пристрасноста во вештачката интелигенција влегува поради пристрасноста на луѓето. Ова треба да се отстрани и IBM смета дека токму хипер продукцијата ќе придонесе за надминување на овој недостаток.

5. Квантни компјутери

Од сите технологии на листата, оваа веројатно е најдалечна. Речиси и да не постои некаква реална можност квантните компјутери да станат секојдневие за 5 години. Сепак развојот продолжува. Тимови на IBM, Google и Microsoft работат на развој на технологии и прототип.

Трите компании веќе имаат прототип кој засега се тестира во лабораторија. IBM смета дека за 5 години квантните компјутери ќе излезат од лабораториите и ќе се користат во светот.

За повеќе податоци за иднината на технологијата, погледнете го блогот на IBM. Колку од овие технологии ќе се пробијат во следните 5 години ќе почекаме и ќе дознаеме, но оваа година IBM наместо презентирање на идна технологија се фокусираше и на точки на кои им е неопходна иновација и напредок.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии