Во оваа стресно време многу тешко се наидува на ефикасни методи на релаксирање. Во случај да не сте по прошетки или медитација, ова се пет игри кои ќе се потрудат да ве доведат во состојба на спокојство и мир.

Stardew Valley

Stardew Valley е игра која ќе ве освои со смирувачка музика и едноставен гејмплеј. Садете и одгледувајте на една целосно-прилагодлива фарма и најдете среќа во мали, секојдневни работи. Тука некаде, пронајдете ја и вашата NPC љубов, купете ѝ подарок и исполнете ги мистериозните места со светлината на вашето присуство.

The Sims

Ако со нешто се одликуваат The Sims игрите тоа е волшебната моќ да ве вовлечат во симпатични, комплексни и богати светови. Грижете се за вашето дигитално семејство, водете релаксирачки живот во куќата од вашите соништа и остварете ги вашите дигитални аспирации до максимум. Едни ќе кажат дека The Sims 4 e играта која треба да ја проверите, други слепо навиваат за The Sims 3. Ние сметаме ќе дојдете еден чекор поблиску до посакуваната нирвана независно од избраната верзија.

Dreams

Dreams e систем за создавање игри, механики, асети, скулптури, музика и многу повеќе. Dreams ви дозволува да ги реализирате вашите најдлабоки желби за уметничко изразување. Dream е најверојатно нашата омилена форма на интерактивна забава која или инстантно не потопува во светови создадени од останатите играчи или ни пружа арсенал од алатки за инстантна уметничка гратификација. Што и да правите во оваа „игра“, сè е замислено за да ефикасно се бори со чувства на анксиозност, неспокој, и отфрленост.

Planet Zoo

Се работи за игра која ви дозволува да се справите со негативните чувства така што ќе ја негувате вашата љубов кон животните. Planet Zoo крие успешни формули за релаксирано градење и прилагодување на ваша лична зоолошка градина. За повеќето, животните позитивно влијаат на добросостојбата, а овие дигитални суштества никако не би требало да се исклучок, особено кога ќе земете во предвид дека секое животно се одликува со уникатно, неодоливо слатко однесување.

Euro Truck Simulator 2

Независно од тоа дали сте љубител на големите превозни средства, има нешто исклучително магично во Euro Truck Simulator 2. Транспортирајте најразлично карго низ бројни европски земји, прилагодувајте ги камионите според вашиот вкус и остварете зашеметувачки профити. Неописиво е чувството кога ќе се најдете зад воланот на еден од бројните камиони, ќе одберете дестинација и ќе го започнете вашето долго, но исклучително релаксирачко патување. Euro Truck Simulator 2 мајсторски ги бомбардира вашите визуелни и аудио центри, а финалниот продукт од таквата размена е доведување во една крајно спокојна и исполнителна состојба.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии