5 додатоци за побезбедно сурфање на вашиот омилен прелистувач

Поминување време на интернет е исклучително забавна активност, но не е без ризици и, доколку не внимавате, би можеле да ја отворите кутијата на Пандора и да се изложите себе си и најблиските на драстични безбедносни проблеми. Токму поради тоа, решивме да ве запознаеме со следниве корисни додатоци кои би требало да ја минимизираат опасноста од несакано изложување на интернет.

За пристап до сите додатоци за прелистувачот Edge, кликнете тука и погледнете што има на располагање. За да инсталирате екстензија, кликнете на соодветната икона и на Get the app. Најверојатно ќе треба да го рестартирате прелистувачот за да се вклучи екстензијата. За Chrome, кликнете тука, најдете ја саканата екстензија, кликнете на иконата, па next, па Add to Chrome. За Firefox кликнете тука, па, откако ќе ја најдете иконата со саканата екстензија, кликнете на Add to Firefox.

Пет додатоци за побезбедно сурфање:

1. Ghostery – екстензија која се вметнува во вашиот Edge, Firefox, или Chrome прелистувач и блокира реклами кои би можеле да содржат несакани штеточини. Додатокот ги блокира сајтовите кои собираат податоци за вас, а и може да ви дозволи анонимно да посетувате најразлични сајтови.

2. LastPass – менаџер за лозинки кој безбедно ги чува сите ваши лозинки за сајтовите во кои се најавувате и ви дозволува да се најавувате на стотици други сајтови преку една матична лозинка. На овој начин, не мора да ги паметите индивидуалните лозинки за сите тие сајтови, а вашите податоци се значително побезбедни. Екстензијата е достапна за прелистувачите Edge, Chrome, и Firefox.

3. Windows Defender Browser Protection – Ова е екстензија од Microsoft и е за прелистувачот Chrome. Замислена да ја подобри безбедноста на прелистувачот на Chrome, од Microsoft објаснуваат дека нивниот додаток „фаќа“ 99% од сите phishing напади, додека без екстензијата, прелистувачот Chrome може да стави крај на 87% од таквите напади.

4. Avast Online Security – Уште една одлична алатка за подобра безбедност кога сте онлајн, овозможена за Chrome и Firefox прелистувачите. Екстензијата идентификува и блокира бројни phishing сајтови кои не сакаат ништо повеќе отколку да го украдат вашиот идентитет. Алатката ќе ве предупреди секојпат кога ќе пробате да посетите сајт со лоша репутација.

5. Facebook Container – Сите оние кои не сакаат Facebook да собира податоци за нив, дефинитивно не би требало да ја заобиколат оваа екстензија за прелистувачот Firefox. Осмислена од Mozilla, алатката го изолира вашиот Facebook идентитет во одделен прозорец и социјалната мрежа не може да ве следи кога посетувате други веб сајтови.

1 коментар на “5 додатоци за побезбедно сурфање на вашиот омилен прелистувач

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии