5 чекори за понатамошно криење на вашиот дигитален отпечаток

Тоа што било, поминало. Можеби не сте внимавале на вашиот дигитален отпечаток и сте оставиле зад вас еден куп траги. Овој пат, се фокусираме на иднината и на петте чекори кои можете да ги преземете за да го намалите оставањето дигитални отпечатоци.

1. Вашиот прелистувач има така наречен stealth mode кој не дозволува вашите акции, односно прелистувања да останат запаметени во историјата. Chrome има Incognito, Firefox има Private Window. Користете ги кога не сакате некој од најблиските да најде нешто што не треба.

2. За да ја скриете вашата локација, но и активности, користете VPN, како Privatix. Или, зaштитете ја вашата приватност без да користите дополнителен VPN софтвер, така што ќе се консултирате со нашиот водич тука.

3. Размислете дали да го замените вашиот стандарден прелистувач со Tor. Таканаречената onion network ја префрлува вашата активност насекаде околу светот и прави да е невозможно некој да ве следи. Прочитајте за предностите на овој прелистувач тука.

4. Користете приватен, пребарувачки енџин, како DuckDuckGo. Овој енџин не ги складира вашите пребарувања, а Android и iOS апликацијата ви дозволуваат да прелистувате во комплетна приватност.

5. Користете лажни адреси кога се регистрирате на неважни сајтови. Burner Emails е алатка која и те како може да ви помогне за тоа. Дознајте сè што треба така што ќе кликнете тука.

Сакате уште совети? Следете нè во наредните денови кога планираме да објавиме и втора тура предлози за понатамошно криење на вашиот дигитален отпечаток.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии