5 бесплатни алтернативи на Photoshop

Кога станува збор за софтвер за професионално уредување на фотографии и графички дизајн, сите знаеме дека Photoshop е вистинскиот избор. Но проблемот со овој “незаменлив” програм е тоа што е прескап за потребите на поголем број дизајнери и фотографери, кои доколку сакаат да го имаат во такви случаи мора да се ориентираат кон пиратерија и нарушување на законот и авторските права. Но, тоа што голем број луѓе не го знаат е дека постојат бесплатни алтернативи на Adobe Photoshop, кои содржат голем број слични функционалности. Во продолжение следи листата на 5 бесплатни алтернативи на PS:

  1. Adobe Photoshop Express е бесплатна онлајн веб верзија на популарниот софтвер. Создаден е од истата компанија и служи за брзо и лесно едитирање на слики онлајн + овозможува 2 гигабајти простор за складирање на истите. Веб верзијата е ограничена на функционалности, на пример не овозможува работа со леери, но за брзо и лесно едитирање е доста корисна.
  2. GIMP или GNU Image Manipulation Program е комплетно бесплатна програма за уредување, композиција и создавање на слики и фотографии. Развиен е на UNIX платформа, но истиот код се извршува и на Windows и на Mac OS X оперативните системи. Целата листа на функционалности можете да ја пронајдете на следниов линк. – http://www.gimp.org/about/introduction.html
  3. Picnic, веб базиран софтвер за уредување на слики, кој е доста познат заради соработката со Flickr, MySpace, Facebook, Picasa и други познати сервиси кои го препорачуваат за уредување на фотографии. За овој сервис не е потребна регистрација, работи на Mac, Windows и Linux и бидејќи е базиран онлајн не инсталирате или преземате ништо. Функционалностите кои ги нуди се доста интересни.
  4. Paint.NET e софтвер за компјутери кои работат на Windows. Има иновативен кориснички интерфејс кој поддржува работа со леери, неограничено враќање на претходната постапка, специјални ефекти и големи избор на алатки. Програмот е создаден од страна на студенти под директен надзор на вработени во Microsoft.
  5. Splashup е уште еден веб базиран сервис кој е одлична алтернатива на Photoshop бидејќи е дизајниран како очигледна копија. Користи голем број на слични палети, овозможува работење со леери и зумирање до степен на пиксел, како и уредување на повеќе слики во исто време.

Доколку имате други сугестии, слободно додадете ги во коментарите подолу.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии