5 AI чет-ботови со кои можете да разговарате од вашиот прелистувач

Чет-ботови се интересни помошни средства за инстантно информирање на бројни прашања од општ карактер. Сè повеќе компании ги имплементираат на нивните сајтови, со цел да се избегне праќање мејлови, отворање тикети и активирање вистински лица за нешто што може да биде побрзо и поекономично разрешено. Но, што доколку само сте желни за разговор со чет бот?

Cleverbot е AI напојуван чет-бот кој користи комплексни алгоритми за да одговори на најразлични ваши прашања. Во случај да ви треба инспирација за правецот во кој се движат разговорите, ги имате на располагање командите како think about it, или think for me. Од друга страна, Eviebot ја користи истата технологија за муабетење, но стапувате во интеракција со анимирана женски аватар кој се вика Иви.

Во случај да барате разговор потопен во буре од сарказам, иронија и духовитост, дефинитивно проверете ги потенцијалите на Elbot. За сите оние прашања чии одговори нема да бидат задоволителни, побарајте утеха во она што има да го каже Mitsuku. Овој чет-бот тврди дека ги има одговорите на скоро секое прашање. За крај, не заборавајте и дека Светската Здраствена Организација лансира чет-бот за одговарање на сите ваши прашања поврзани со коронавирусот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии