4G мрежата ќе пристигне и на Месечината

Дејан Соколоски

во Свет

Nokia и Vodafone ги објавија своите планови во 2019 година да лансираат 4G мрежа на Месечината. Станува збор за научен проект кој ќе овозможи куп податоци да бидат испраќани од Месечината назад кон Земјата.

Ова можеби изгледа непотребно, но технологијата ќе овозможи два ровери да стримаат видео директно до станицата. Станицата ќе биде лоцирана на Месечината, а ова видео потоа ќе биде испратено на Земјата.

 „Ги испраќаме овие два ровери на Месечината и собираме многу податоци, многу HD видеа и фотографии. Проблемот е што не можеме да ги пратиме директно од роверот назад на Земјата, потребно е премногу енергија. Затоа ги праќаме овие податоци со 4G мрежата до слетаното летало, каде има повеќе енергија на располагање и може да стримаме HD видео директно до Земјата“, вели Кејт Арклес Греј од PTScientist.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии