4chan продаден на основачот на јапонскиот 2Channel

Еден од најконтраверзните форуми – 4Chan ја промени „управата“. На местото на основачот Кристофер Пул, дојде човекот за кој од форумот велат дека е инспирација за креирање на 4chan, Хиројуки Нишимура.

Г-дин Пул ја продаде платформата и не смета дека ќе има било каква улога во иднина, јави New York Times. Г-дин Хишамура и самиот е основач на сличен сервис – јапонскиот 2channel. За сега нема никакви податоци за цената, а сервисот има околу 20 милиони месечни посетитеи, но речиси никаков начин за монетаризација, па предвидувањето на сумата е речиси невозможно.

„Хиројуки е буквално единствениот со подеднакво ако не и повеќе искуство од мене, кога во прашање е водење на анонима, голема дестинација која ја користат десетици милиони луѓе. Тој е пра-прадедо на сето ова,“ вели г-дин Пул.

Иако претходниот и сегашниот сопственик се воодушевуваат еден на друг, во моментов нема информација за можни промени, но и дали воопшто ќе има некави промени на страната.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии