40 oтсто од луѓето се здружуваат со брендови на Facebook

Луѓето се спријателуваат со брендовите на Facebook и Twitter бидејќи се корисници на брендот, за да добијат информација за некоја ексклузивна понуда и затоа што нивните пријатели се потрошувачи на брендот, покажa анализата на Razorfish, агенција која први маркетинг истражувања.

Анализата „Digital Brand Experience“ е направена за онлајн однесувањето на 1000 американци кои имаат претходно искуство со купување онлајн, што е малку различно од македонските корисници кои се „резервирани“ кога се споменува онлајн шопингот. Но, според годините, полот и онлајн навиките, скоро сите користат друштвени мрежи и онлајн сервиси, американските и македонските корисници се исти.

Тоа што е интересно во целава анализа е што дава интересни информации за тоа како брендовите можат да ги искористат разните интернет алатки/сервиси за промоција, и обратно, како потрошувачите можат да дојдат до добри зделки само пратејќи ги корпоративните блогови и друштвените мрежи.

Анализата покажа дека 40 отсто од корисниците се пријатели со брендови на Facebook и Twitter.
Корисниците тоа го прават главно бидејќи се потрошувачи на тој одреден бренд или пак се заинтересирани за одредени услуги и информации. Исто така резултат од онлајн интеракцијата е и поголемо разбирање за брендот, купување на продукт, препорачување на тој бренд на пријателите…

Тоа што е интересно е што дури 65 отсто од луѓето рекле дека онлајн интеракцијата со брендот им го променила мислењето за брендот, а дури 97 отсто рекле дека таа онлајн интеракција одлучила дали да купат или да не купат одреден продукт.

Еве дел од табелите, целата анализа на Razorfish за онлајн однесување на корисниците можете да ја најдете на нивниот блог.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии