40 милиони корисници се измамени од лажни анти-вируси

{mosimage} Милиони корисници станале жртва на „scareware“ измами, a измамниците прават милиони, вели Symantec кои откриле 250 верзии на овој вид софтвер за една година со кој се измамени над 40 милиони луѓе.

Scareware“ е измама со која се прелажува корисникот дека компјутерот му е заразен од опасни вируси и му нуди решение во вид на лажен анти-вирус кој се плаќа. Може да биде мализиоцен тројанец-вирус или да биде pop-up екран на прелистувачот. Каков и да е „scareware“-от, целта му е да го уплаши корисникот и да му сугерира да го купи лажниот софтвер кој чини од 20 до 60 долари. Се проценува дека секој од измамниците заработува над 800.000 евра годишно.

{mosimage}

Од јули 2008 до јуни 2009 се измамени oколу 49 милиони луѓе, се вели во „Rogue Security Software“ извештајoт. Интересно, Symantec вели дека 93 отсто од инсталациите на лажен безбедносен софтвер се симнати од самите корисници. Трикот на кој најчесто наседнуваат корисниците е што „scareware“-от наликува на слични безбедносни софтвери од други познати компании: Microsoft, Kaspersky….

{mosimage}

Покрај потрошените пари, проблемот со „scareware“ е што може да ви го зарази компјутерот со други вируси.
Но најголемиот проблем е што вие ќе дадете лични податоци, имејл и податоци за кредитната картичка на измамници, велат експертите.

„Очигледно, вие ги губите своите пари однапред, но додатно во позадина, вие правите онлајн трансакција со овие луѓе на кои им ги нудите вашите лични податици и податоци за вашата кредитна картичка.“ вели Кон Малон од Symantec за BBC. Измамниците можат или самите да ги искористат корисничките податоци или да ги продадат на црниот пазар, вели г-дин. Малон.

Совет: Никогаш не верувајте на други програми кои известуваат за безбедноста, oсвен на вашиот анти-вирусот. Секогаш апдејтирајте го вашито безбедносен софтвер. Доколку се сомневате во некој анти-вирус или безбедносен софтвер тогаш осигурајте се дека е оригиналот.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии