40 години Microsoft! Но, сега започнува вистинската битка за најдобриот ОС

Microsoft наполни 40 години! Oва е фантастична возраст за компанија која од самиот почеток е една од највлијателните ИТ компании во светот, иако во модерниот мобилен свет како да не знае што да направи прво. Затоа, кога беше назначен како новиот директор, Сатја Надела веднаш ја најави „mobile first” ерата на Microsoft. Но, нема да биде лесно со конкуренти како Apple и Google.

Главен адут на компанијата за иднина, е секако, нивниот највлијателен продукт. Компанијата неодамна најави дека Windows 10 ќе биде бесплатен за најголем дел од корисниците, дури и на нелегалните пиратски копии, нешто што пред само неколку години во ерата на Стив Балмер не можеше ниту да се замисли. Идејата не е да се помилуваат пиратите, туку да се креира унифициран ОС кој ќе се користи на таблет компјутери, десктоп, и секако мобилните телефони. Но, оваа стратегја не е толку нова за Microsoft. Уште од самиот почеток, компанијата со MS-DOS ја зацврснуваше својата „стега“ врз оперативниот систем. Еден ОС да владее со сите, можеби е мантрата на Microsoft.

Но, и покрај успесите Microsoft грешеше во едно нешто. Голем дел од проектите на развојниот тим на Microsoft не беа прифаќани, додека конкурентите работеа на уреди за иднината. Знаеме дека Microsoft прв имаше таблет уште во 2000-та година, но се откажаа. За разлика од нив Apple го чекаше правиот момент, и го освои пазарот. Тоа се случува и со мобилните уреди. Долго време му требаше на Microsoft да се размисли, предомисли, ребрендира за мобилниот пазар. Како да не веруваа дека прават нешто погрешно, за на крај да сфатат дека мора да направат нов Windows Phone од корен, и да го исфрлат стартиот. Дури сега им текна да го ребрендираат и Internet Explorer.

Научени од грешките, планот е сега дел од софтверот на компанијата да биде со отворен код. Microsoft сè уште е помеѓу лидерите кога развојот е во прашање. Преводот на разговори во реално време, Kinect контролерот, очилата HoloLens, кои се само дел од иновациите кои ги најави компанијата. За жал се чини дека Microsoft тешко ќе успее да го освои пазарот за хардвер, но и за оперативен систем за мобилни платформи. Сепак под г. Недела се чини дека компанијата со нова стратегијата има далеку подобра иднина на новите пазари.

Среќен 40-ти роденден Microsoft! Да се потсетиме на твојот најдобар продукт низ годините:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии