40 000 бесплатни рецепти со Wocobook

Wocobook e скратеница која крие исклучително амбициозни планови. World’s Cookbook е веб сајт кој сака да се наметне како готвач на целиот свет и крие околу 40000 најразлични рецепти со јасни и прегледни инструкции.

Средината е резервирана за најновите рецепти, додека на десната страна имате најразлични категории. Во зависност од тоа што би сакале да направите, имате на располагање категории како главни јадења, колачиња, салати, леб, ладни пијалаци, и многу повеќе.

Wocobook е, всушност, агрегатор и ги собира рецептите од корисници од целиот свет. Моментно, се работи на опција за логирање, сочувување рецепти, и нивно споделување.

Во случај, англискиот јазик да ви е пречка, би можеле да го разгледате и македонскиот сајт moirecepti.mk. Се чини дека нема што нема таму, но на македонски начин. :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии