4 PlayStation игри кои би можеле да се појават и за PC

Минатата недела, пишувавме за 12 PlayStation игри кои повеќе не се ексклузиви и можат да се играат и на PC. Овојпат, се фокусираме на она што допрва може да дојде.

Доколку ги пратите вестите, PlayStation во неколку прилики изјави дека планираат бројни нивни игри допрва да бидат пренесени и на PC платформата. Како што најверојатно знаете, Kingdom Hearts трилогијата излегува овој месец, а Days Gone излегува за неколку месеци. Ова е официјално потврдено и дефинитивно доаѓа, но што е со останатите игри?

CrazyLeaksOnATrain има долгогодишна и солидна репутација за предвидување вакви работи. Токму ова лице потврди дека Kingdom Hearts ќе дојде на PC, како и римастерот за Ninja Gainden трилогогијата, но и PC порт за Nioh 2. Овојпат, по нешто повеќе од полугодишен молк, CrazyLeaksOnATrain сподели дека следните игри кои ќе добијат порт за PC се:

  • Bloodborne
  • Uncharted Collection
  • Ghost of Tsushima
  • God of War

Искрено, не знаеме колку може да се верува на листата.

Uncharted Collection e колекција од три феноменални игри со каризматичниот Нејтан Дрејк. Но ова, во комбинација со God of War, a, неодамна и со Ghost of Tsushima, се игри кои се наметнаа како заштитни наслови за самата конзола. Со оглед на тоа што Uncharted игрите се стари, Sony дефинитивно би можел да го ревитализира Uncharted серијалот така што ќе ги префрли на PC платформата, а и значително ќе помогне при градење на хајпот за филмот кој е планиран за 2022 година. Скептици сме и за тоа дали Ghost of Tsushima би излегла за PC, особено толку брзо по лансирањето за PS4 и по толкавиот огромен критички и финансиски успех. Вреди да се спомене, меѓутоа, дека на вакво мислење бевме и за Horizon: Zero Dawn, па таа игра сепак излезе за PC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии