4 од 5 најбрзи супер компјутери во светот користат Linux

Интересно, Linux е доминантен оперативен систем. 91 отсто од супер компјутерите го користат овој ОС во својата намена т.е за истражувања, за развој на индустријата, за владина одбрана, во лаборатории… Пример 1 секунда од работата на Jaguar e eднакво како 10 часа работа на вашиот домашен компјутер. Или потехнички Jaguar има брзина од 1.75 петафлопи по секунда. Петафлоп е еднаков на 1.000 трилиони пресметувања.

Гледајќи според намената треба да се знае дека листата е волонтерска, односно можеби има некој супер-таен супер-моќен владин супер компјутер кој не е пријавен.

BBC има интересна графика со која дава перспектива во која земја се супер компјутерите, која им е брзината, кој ОС користат, за што се користат, какви процесори имаат и кој ги изработува.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии