4 мобилни апликации кои ќе ви помогнат со учењето кодирање

Image courtesy of Mimo

Апликациите за паметни телефони најчесто не може да се користат самостојно за учење на програмирање. Сепак како додаток кој го олеснува учењето на кодирање, може и повеќе од успешно да ги користите.

SoloLearn

SoloLearn е спој на повеќе апликации кои овозможуваат апликацијата да се користи како платформа за учење. Секој од модулите се презема засебно и се однесува на различна платформа или програмски јазик.

Курсевите на SoloLearn овозможуваат брзо запознавање со основите на програмските јазици. Куси објаснувања, квизови, поделеност на различни теми ќе помогне значително за сите кои веќе учат. SoloLearn е достапен на Android, iOS и преку веб апликација.

 Mimo

Mimo е нова апликација која ќе се обиде им помогне на сите кои учат да програмираат. Апликацијата е нова и досега е достапна единствено на iOS, иако верзијата за Android е веќе најавена.

Идејата како и во најголем дел од апликациите е да се подели она што треба да се научи на малечки делови. Ова овозможува секогаш кога имате барем неколку минути на располагање, да може да научите нешто ново. Засега се достапни лекции за Swift, HTML, CSS, JavaScript, Python и SQL.

Малку полоша вест е дека апликацијата не е потполно бесплатна за користење. Два од курсевите се бесплатни, но за отклучување на сите содржини е потребна годишна претплата од 50 долари.

Programming Hub

Добра вест е дека  апликацијата е достапна на Android и на iOS. Има куп различни програмски јазици и ќе им помогне на сите кои учат како дополнителна алатка. Дополнително, само со апликацијата корисниците можат да научат да развиваат основни апликации.

Encode

Encode е android апликација која е повеќе насочена кон почетниците.  Целта, како и на сите апликации од листата е да им помогне на корисниците да научат да програмираат кога тоа им е нив најудобно. Корисниците преку едитор направен во JavaScript од самиот почеток треба да пишуваат код.

Лекциите се куси, што е предност ако сакате да го користите Encode кога ќе пронајдете слободно време. Лоша вест е дека апликацијата е достапна само за Android.

Дополнително, сите платформи за кои веќе пишувавме имаат и верзија за паметен телефон. Не се сите специјализирани за кодирање, но секако ќе ви помогнат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии