4 физички копии на игри кои се продадоа за значително повеќе пари

Да се биде страствен гејмер и да се има многу пари знае да биде опасна комбинација, особено кога ќе заигра и колекционерската жичка. Во такви ситуации се чини дека разумот е првото нешто што заминува низ врата. Токму поради тоа, никако не би сакале да бидете изненадени кога ќе прочитате дека физичката копија на Super Mario 64 се продаде за неверојатни 78 милиони денари.

Истиот ден, на 11 јули, неотворена физичка копија за Skyrim се продаде за 31 000 денари. Ова е зашеметувачко откритие за нас, особено кога ќе се земе во предвид дека Skyrim ја има за апсолутно која било платформа и, во ситуации на длабоки попусти, се продава за исклучително ниска цена 500-600 денари и тоа со сите дополнителни додатоци. Истиот човек што ја купи копијата од Skyrim сега ја продава истата за 47 000 денари.

Ова не се единствените игри што се продаваат за огромни цени. Чисто за споредба, копија од првата Red Dead Redemption се има продадено за 20 000 денари, а PS1 копија од првата Tomb Raider, игра од 1996 година, се продаде за скоро 8 милиони денари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии