3Д принтери кои може да работат заедно ќе помогнат во надминување на проблемот со големината при принтањето

Еден од проблемите на 3Д принтерите, барем кога принтањето на големи објекти е во прашање, е времето и големината на принтерот која е потребна. Најчесто принтерите се поставени во некаква рамка, без разлика дали тоа е кутија или само носач на „главата“ на 3д принтерот. Решение на големината на проблемот можеби е пронајдено со креирање на мобилни принтери кои можат заедно да работат на ист објект.

Можноста за заедничка работа на повеќе роботи не е клучна, но ќе го скуси времето кое е потребно за изработка на објектите.  Група истражувачи од Одделот за роботика на Nanyang Technological University од Сингапур претставија вакво решение. Истражувачите со помош на два роботи испринтаа дел од ѕид. Елементот кој е испринтан е поголем од елементот кој би се принтал традиционално со принтер со иста големина.

Сепак станува збор единствено за доказ на концептот. Роботите не може да се движат додека принтаат, бидејќи за ова е потребна поголема прецизност, која барем засега не е достапна. Друг проблем е што роботите кои ги презентираше Nanyang Technological University не се соодветни за користење на отворено. Токму користењето на отворено би имало најголема придобивка од развојот на вакви принтери-роботи, вели Spectrum. Дополнително, роботите се ограничени со висината на објектот кој го принтаат, но и вака се далеку пофлексибилни од сегашните решенија.

За иднина се работи на неколку подобрувања. Првото е попрецизна локација на базата на роботот, што ќе овозможи принтање во движење. Другата е надминување на проблемот со ограничување на висината, односно поставување на целата рака која принта на подвижна платформа која може да се поместува нагоре.

Понатамошниот развој на роботите се очекува во иднина, но главна цел на истражувачите не е градежништвото на Земјата.

„Употребата на флота мобилни роботи за конструкција би можело да има огромен потенцијал и на други неконвенционални аспекти. Една ваква примена е да се овозможи автоматска изградба во области кои се тешко достапни, на пример подземни пештери или Месечината или Марс. На овие места е на кои е неповолно, па дури и невозможно да се донесат други видови на машини потребни за постоечките методи на печатење на цементни материјали“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии