3Д принтање во медицината: Наскоро ќе може да се санираат повредите на ‘рбетот

Дејан Соколоски

во Вести

Истражувачи од Универзитетот Минесота, објавија дека изработиле решение кое ќе овозможи принтање се стем клетки и користење на овие отпечатоци за лечење на повредите на ‘рбетот.

Технологијата постоеше и досега и се користеше за креирање на пластични калапи во кои потоа се сместуваа клетките. Сепак проблемот е кога се принта со клетките се уништуваат и стем клетките потребни за обновување на повредите. Новата метода која ја користи тимот овозможува 75% од нервните прогениторни клетки да го преживеат принтањето. На новото решение работеа неврохирургот Ен Пар и машинскиот инженер Мајкл Мекалпин.

За да може да го преживеат принтањето, клетките се поставуваат со специјален хидрогел кој помага да го преживеат процесот. Потоа во слоеви се гради целата структура.

„Мора да имате нешто околу клетките кое ќе овозможи кога принтате да бидат среќни – всушност, да преживеат“, вели г. Мекалпин.

Засега технологијата е далеку од употреба за третман на луѓе. За почеток ќе биде тестираа на животни, а дури во некоја подоцнежна фаза, по неколку години ќе започнат тестови на луѓе. Периферните нерви „растат како плевел“ и потребна им е единствено структурална насока. Но, нервите од рбетниот столб не се регенерираат агресивно освен ако потпората не им даде насока, а стем клетките не ги поврзат, пренесе Phys.org.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии