3Д маска ги измами телефоните, лозинка и пин сè уште се најдобра заштита за телефоните

Дали желбата да се прикаже иновација всушност ги прави телефоните помалку безбедни? Отклучувањето на телефонот со ликот не e побезбедно од лозинка, а доказ за тоа е експериментот на Томас Брустер од Forbes.

Со испринтана 3Д маска г. Брустер успеа да отклучи куп Android телефони, а единствениот телефон кој остана заклучен и отпорен на маската е iPhone. За креирање на маската е потребна софистицирана опрема, а тој својата маска ја креираше во професионално студио во Бирмингем. Ликот му го скенираа над 50 камери, а за креирање на маската е искористен специјален 3Д принтер кој за печатење користи гипс. Цената на вака изработената маска е околу 300 фунти.

Потоа оваа маска ја тестираше за отклучување на повеќе телефони. Дел од експериментот беа iPhone X и четири Android телефони: LG G7 ThinQ, Samsung S9, Samsung Note 8 и One Plus 6. Со исклучок на iPhone, сите телефони се отклучуваат со маска. Сепак не сите подеднакво едноставно, а некои и ги предупредуваат корисниците за намалувањето на безбедноста на телефоните. На пример, LG G7 го известува корисникот дека отклучувањето со ликот треба да се користи единствено како дополнителен метод за отклучување, а со користење на ова телефонот е помалку безбеден.

„Не е изненадување што овој телефон (LG G7) се отклучи веднаш“.

Дел од телефоните имаат два мода на скенирање – брз и бавен. Бавниот треба да е побезбеден. Сепак без оглед на тоа што е „побезбеден“, сите Android телефони се отклучија речиси веднаш со побрзиот скен, но и со побавното скенирање.

Најлош од тестираните уреди е One Plus 6 кој не само што веднаш се отклучува, туку и не го предупредува корисникот за опасностите од активирањето на отклучување со ликот.

Бонус тест беше тестот на Windows Hello, но и уредот на Microsoft се покажа одлично и маската не го излажа.

Со оглед на тоа дека засега сите уреди освен iPhone и Windows Hello паднаа пред предизвикот; најдобар избор е користење на лозинка за отклучување на телефоните.

„Фокусирајте се на тајноста, PIN и лозинката. Реалноста е дека било која биометрија може да биде копирана. Секој кој има доволно време, ресурси и цел за да инвестира за ќе се обиде да ја измами оваа биометрика.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии