3Д испринтано срце може да работи непрекинато

Новата иновација на Универзитетот Илиноис, 3Д испринтана срцева мембрана, во иднина можеби ќе овозможи непрекината работа на срцето. Видеото прикажува зајачко срце кое работи и испумпува крв благодарение на мембраната. Во случај на откажување на срцето или срцев удар мембраната може да ја стимулира работата на срцето во различни точки со што би прекинала неправилната работа и би се спречила ненадајна смрт поради срцев удар.

3Д испринатната силициумска мембрана се обвиткува околу срцето,а се изработува специјално за секое срце и овозможува мерење на температурата, напрегањето и рH-факторот. Покрај ова мембраната овозможува испраќање на електрични импулси до срцевиот мускул со кои во случај на аритмија веднаш би се регулира работата на срцето. Оваа мембрана би можела да се употребува до 15 години, а можно е да се додаде опција со која би се мерело присуството на протеини кои се карактеристични при срцев удар.

„Сега, медицинските помагала кои ја регулираат работата на срцето се базираат на две електроди кои се поставуваат низ крвните садови до коморите. Допирот со срцето е на една или две точки што е ниска резолуција. Тоа што сега се обидуваме да го направиме е пристап кои ќе дозволи допир со повеќе точки и ќе го поправи проблемот со: висока-резолуција на дијагностиката и висока-резолуција при терапијата“, вели др.Игор Ефтимов од Универзитетот Вашингтон.

[youtube]Mgqsd_GNivs[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии