3Д филмови во вашиот дом

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Sonic Solutions заедно со Nvidia, Samsung, и Mitsubishi работи на нов проект за испорака на видеа до корисниците, во 3Д формат до нивните компјутери и телевизори со 3Д опција. Кога овој проект ќе започне, филмовите ќе бидат испорачувани на ист начин како и кај сервисот CinemaNow.
Оваа технологија сеуште е нова, и ќе функционира само со уреди со графички процесори оптимизирани за 3Д технологија, што пак значи дека ова ќе функционира на компјутери со 3Д монитори.

Можеби ова ќе функционира и на некои од телевизорите од Samsusng и Mitsubishi кои поседуваат 3Д. Во секој случај, како додатна опрема, корисниците треба да поседуваат пластични 3Д очила.

За Sonic Solutions, Blu-ray технологијата е најдобриот начин за испорака на 3Д содржини, но многу други компании и партнери се уште не се согласени да го користат ова како стандард, главно поради ривалството со HD-DVD форматот.

Во меѓувреме, од Sonic велат дека нивниот видео сервис ќе биде одличен начин да се гледа 3Д филмовите во домот, не само во кината кои се повеќе прикажуваат 3Д филмови.

{mosimage}

„Ние гледаме можност да ја премостиме таа празнина. На крај, уверени сме дека Blu-ray ќе биде доминантен формат за дистрибуција на 3Д содржини. Во меѓувреме, има доволно достапни содржини и неколку начини за прикажување на истите." вели Maјкл ДиМариа, потпретседател на продукт менаџментот во CinemaNow.

Sonic блиско соработува со Nvidia, со цел да ги искористи предностите од графичко-процесорската технологија на Nvidia, која е имплементирана во многу 3Д дисплеји и на тој начин видеата да бидат соодветно форматирани.

„Луѓето ќе имаат видео содржини од повеќе извори: DVD-а, симнати од интернет, Blu-ray, CinemaNow… и сите тие може да бидат во различни формати или различни резолуции," вели ДиМариа. "Според нас, сите оние кои ќе се одлучат за купување на оваа технологија, особено во првите фази на воведување на проектов, ќе сакаат да испробаат се што ќе најдат при рака. Ние сакаме да обезбедиме нашиот плеер да може да ги репродуцира сите содржини кои корисниците ги поседуваат."



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии