The Last of Us ќе биде телевизиска серија

The Last of Us, феноменална PS3 survival игра која успеа да освои над 200 надгради, ќе биде екранизирана во форма на телевизиска серија. Приказната се става во вештите раце на Крег Мејзин (Чернобил) и режисерот на The Last of Us играта – Нил Друкман. Телевизиската серија ќе обработува настани кои се тесно врзани за случките од самата игра.

Неодамна, Нил откри кои ликови ќе ги видиме во серијата. Ко-писателот немаше никаков проблем да признае дека, од женски ликови, во серијата ќе ги видиме Ели, Рајли, Тес, Марлин и Марија, но едно име реши да го држи во тајност. Името има четири букви, а многу фанови претпоставуваат дека можеби е Ана (Anna). Ана е починатата мајка на Ели. Во The Last of US, Ана е често споменувана низ аудио снимки и писма.

Што се однесува до актерите кои би можеле да ги глумат овие ликови, не се знае ништо, но многу фанови веќе одбраа актери кои сметаат дека би биле феноменални за улогата. Па така, за Џоул највеќе се навива за Хју Џакман, а за Ели – за Мејси Вилјамсм.

Доколку никогаш не сте ја играле The Last of Us, дефинитивно започнете го емотивно патување со PS4 римастер верзијата. Во меѓувреме, нетрпеливо ги броиме деновите до излегувањето на The Last of Us, part 2, предвидено за 29 мај.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии