36 необјавени серии во рацете на хакер

Сите кои ја следат Orange is the New Black, најверојатно знаат дека следните епизоди излегуваат во јуни. Затоа е огромно изненадување што епизодите веќе се појавија на торент. Помеѓу украдените серии се сериите на ABC, Fox и National Geographic, јави BBC.

Викендот се појави веста дека хакер има 36 необјавени филмови и серии. Првичната идеја му беше да се збогати продавајќи ги сериите назад на компаниите кои ги издаваат. Сепак, Netflix одби да плати за серијата и таа е веќе достапна на торент. Освен Orange is New Black, помеѓу украдените серии и филмови се споменуваат и: New Girl,  Always Sunny in Philadelphia, Portlandia, NCIS: Los Angeles; од филмовите споменати се XXX: Return of Xander Cage, но и Bill Nye Saves the World и оригинални серии на YouTube Red.

Сериите се украдени од продукциска куќа, а одговорноста за нападот ја презема хакер со псевдонимот The Dark Overlord. Првите објави на Github и на Pastebin се избришани, но торентите од Orange is the New Black сè уште стојат.

The Dark Overlord веќе во јануари ја контактирал продуцентската куќа и побарал 67.000 долари. Откако првично се сложиле, подоцна го раскинале договорот, па хакерот започнал да бара откупнина од издавачите, пишува BleepingComputer. Еве ја целата листа на серии, филмови и останати програми во раце на хакерот:

  • A Midsummers Nightmare – ТВ филм
  • Above Suspicion – Филм
  • Bill Nye Saves The World – Серија
  • Breakthrough – Серија
  • Brockmire – Серија
  • Bunkd – Серија
  • Celebrity Apprentice (The Apprentice) – Серија
  • Food Fact or Fiction – Серија
  • Handsome – Филм
  • Hopefuls – Серија
  • Hum – Кус филм
  • It’s Always Sunny in Philadelphia – Серија
  • Jason Alexander Project – Серија
  • Liza Koshy Special – YoutubeRed
  • Lucha Underground – Серија
  • Lucky Roll – Серија
  • Making History ) – Серија
  • Man Seeking Woman – Серија
  • Max and Shred – Серија
  • Mega Park – Серија
  • NCIS Los Angeles – Серија
  • New Girl – Серија
  • Orange Is The New Black – Серија
  • Portlandia – Серија
  • Rebel In The Rye – Филм
  • Steve Harveys Funderdome – Серија
  • Story of God with Morgan Freeman – Серија
  • Superhuman – Серија
  • The Arrangement – Серија
  • The Catch – Серија
  • The Middle – Серија
  • The Stanley Dynamic – Серија
  • The Thundermans – Серија
  • Undeniable with Joe Buck – Серија
  • Win It All – Филм
  • X Company – Серија
  • XXX Return of Xander Cage – Филм

1 коментар на “36 необјавени серии во рацете на хакер

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии