32 тужби за Intel поради Meltdown и Spectre

Дејан Соколоски

во Свет

Intel, кој неодмна го изгуби приматот на најголем производител на чипови, е пред 32 тужби од корисници. Причините се неодамна објавените безбедносни пропусти Meltdown и Spectre.

Компанијата неодамна предаде документ до US Securities and Exchange Commission, во кој пишува за 30 групни тужби. Секој од тужителите тврди дека е оштетен од акциите на Intel поврзани со овие пропусти, пишува Reutersr.

Компанијата нема да се предаде без борба и ги отфрла овие обвинување. Истото планираат да го направат и пред судот.

“Со оглед на ставот и природата на овие случаи, вклучувајќи го и фактот дека постапките се во рана фаза, наводните штети не се специфицирани. Не може да направиме разумна проценка за потенцијалната загуба или опсегот на загуби, доколку ги има, што може да произлезе од овие тужби “, велат од Intel.

Дополнително, 3 акционери побарале истрага за инсајдерско тргување на неколку членови на бордот на директори. Едно од лицата за кое е започната истрага е Брајан Крзанич. Директорот на Intel неколку дена пред објавување на веста продаде акции во вредност од 39 милиони долари. Според компанијaта, продажбата на акциите е дел од 10b5-1 план, со кој е заклучена продажба на акции во однапред дефинирано време.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии