31,4 билиони цифри од Пи

Дејан Соколоски

во feature, Свет

Уште старите Бабилонци се обидувале да одредат што е можно поточна вредност на Пи. Пи е односот на обемот на кружницата и нејзиниот дијаметар, и е приближно 3,1415.

Во чест на „Денот Пи“ (чудна коинциденција на бројки поради различното запишување на датумот 3.14) Google објави дека успешно го пресметале бројот до неговата 31,4 милијардита децимала. Ова е нов Гинисов рекорд, претходниот е во сопственост Питер Тауб од Шведска и имаше 9 билиони цифри помалку пред последната позната децимала, објаснуваат од Google.

Пресметката е на правена со PI-benchmark програма развиена од Александар Џ. Ји. Пресметката ја користи формулата на Чудовски, и траела 121 ден, од 22 септември 2018 до 21 јануари 2019 година.

За пресметката на бројот, тимот предводен од Ема Харука Ивао (Emma Haruka Iwao) ja користел облак инфраструктурата на Google Cloud. За пресметката биле потребни 170 TB податоци и 25 виртуелни машини.

„Многу сум изненадена. Се привикнувам на реалноста. Постигнувањето на рекордот е навистина многу, многу, тешко.

Нема крај на Пи, би сакала да се обидам со повеќе бројки“, вели г-ѓа Ивао.

Пи се користи за пресметки во инженерство, физика, суперкомпјутери и истражување на вселената. Вредноста е дел од пресметки за бранови, и геометриски тела како кружници, топки и цилиндри.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии